Македонија

Уставен суд не поведе постапка по иницијативата за укинување на ковид-сертификатите

Уставен суд ја одложи седницата за Законот за банки а штедачите на  Еуростандард банка paзoчарани – ТРАЧ МУАБЕТИ

 

Уставните судии како неоснована ја оттргнаа иницијативната проверка на уставноста забраната за влез во објекти без ковид сертификати.

Образложението на судијата известувач Вангелина Маркудова е дека одлуката е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид-19.

Спорно за подносителот Николче Марушевски било ограничувањето на движењето.

Меѓу другото, во иницијативата се наведува дека според Уставот, граѓаните се еднакви во своите права и слободи без разлика на општествената положба и дека Уставот го гарантира слободното движење на сите граѓани на територијата на Републиката, но оспорената одлука го дерогирала ова право за невакцинираните граѓани. Уставниот суд на крајот од минатата година отфрли иницијатива и оспорување на одлуката за носење маски на јавен простор.

Related posts

Leave a Comment