Македонија

УТРЕ ВО 18 ЧАСОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО КОРИСТЕЊЕ НА МАСКИ ВО УЧИЛИШТАТА !

Можно е да е слика од текст кој вели „протест стоп за задолжителното користене на маски во училиштата 24.12.2021 18:00 и BO сите градови во македонија. локација: пред влада“

Под мотото, СТОП за задолжителното користење на маски во училиштата!, утре во 18 часот пред владата на РМ ќе се одржи граѓански протест, против задлжителното носење на заштитни маски во училиштата.

Почитувани, ве повикуваме на Мирен Граѓански Протест против задолжителното користење на маски во училиштата во петок 24.12.2021 во 18:00 пред Владата на Македонија.
Сите граѓани , сите родители без разлика на вера, нација и убедувања излезете на улица и изборете се за правата на децата.
Нашата цел е ПРАВО НА ИЗБОР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
Ние не сме против родителите кои сакаат да продолжат со праксата на носење маски во училиште ,бидејки тоа е нивно право!
Повеќе од една година нашите деца страдаат од долготрајното носење на маски и доколку истото продолжи последиците по нивното здравје во иднина ќе бидат несогледливи.
Учителки, Наставници, Педијатри, Инфектолози, Дерматолози, Кардиолози застанете на страната на здравјето на децата!
Нивното место е во училишните клупи и тоа без маски , без никакви трауми, условувања и заплашувања , да израснат во физички и психички здрави личности.
ПРАВО НА ИЗБОР и СТОП ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО КОРИСТЕЊЕ МАСКИ ВО УЧИЛИШТАТА.
Децата на ПРВО МЕСТО!, стои во соопштението на организаторите на протестот.
Освен во главниот град, протести се најавуваат и во: Битола, Крива Паланка, Велес, Струмица, Штип, Охрид, Виница, Кавадарци, Куманово…
Да излеземе во што помасовен број и да го поддржиме протестот за нашите најмили, децата!

Related posts

Leave a Comment