Мистерии

ФАРАОНОТ АЛЕКСАНДАР: Гробницата KV 62 или Кражбата на телото од Македонскиот

Во 323 година пред Христа умрел Александар Македонски .Причина за преуранетото напуштање на овоj свет била треската. Неговите генерали понесени од внатрешните пориви пред новите перспективи седум дена jа делеле оставштината на големиот воин и филозоф во акциjа, Македонскиот. После седум дена телото на Царот било балзамирано со сите последици што проистекле од закаснатиот третман на  неговите земни остатоци .Балсамираниот воин бил сместен во златен саркофаг по углед на египетските фараони .

ФАРАОНОТ АЛЕКСАНДАР – Гробницата  KV 62  или Кражбата на телото од Македонскиот

Желба на Македонскиот била : Неговото тело да биде упокоено во Египет . Подготовките за таквото патешествие потрошиле уште две години пред  да се упатат кон Долината на Царевите . Кога  долгата траорна  поворка допатувала  од Вавилон во Египет , телото било по втор пат балзамирано и депонирано во мавзолеj  наречен Шема или Чема ( Тело ).
Гробницата на Александар била место на поклоништво . Меѓу илjадниците поклоници  биле и римските императори : Цезар , Август Октавиjан , Каракала . После освоjувањето на Александриjа , Октавиjан , при обидот да го бакне Македонскиот , го оштетил носот на воjсководецот . После неговата посета носот од балсамираното тело бил оштетен . Октавиjан го посипал телото со цвеќе и му оставил венец на предната страна од вратот . Исто така , Р.И. Каракала ја ставил  својата црвена наметка над Александар , а згора го оставил златниот прстен .
Во третиот век од Христа , Р.И. Септимиj Север , плашеjќи се за безбедноста на телото од боготворениот Цар , наредил да се заѕида влезот на светата  гробница …
И од тоа време , гробницата и телото на Македонскиот Александар , исчезнуваат од историската сцена ,  безброj дефокусирачки теории и хипотези освоjуваат своја публика за да го сокриjат очевидното. Официjално , Службата за древности на Египет , признава 140 обиди за пронаоѓање на вечното почивалиште . Но , гробницата и телото на Македонецот Александар  е пред очите на  светската jавност веќе стотина години , и се покои на место кое Александар не го определил во своето завештание  .

Што знаеме за пост мортум збиднувањата на Александар ?
Македонскиот цар бил балзамиран два пати . Првиот пат седум дневно во Вавилон , втор пат после пристигнувањето во Египет по наредба од Птоломеj .
Телото било потопено во мед , поместено во  златен саркофаг по углед на египетските фараони ( направени биле три различни саркофаги ) .
Што знаеме за физичката конституциjа и повредите на Царот добиени во многуброjните битки ?
Пишуваните  историски извори говорат за смрт што настапила како последица од малариjата . Во египетската царска хронологиjа запишан е фараон со иста причина на смрт . Неговото име е Отелотворениот Амон .
Македонскиот бил со среден раст , средно телосложение , со изразито  рељефна  мускулатура . Отелотворениот ,  поседувал идентични анатомски обележjа .
Александар бил безусловно европеец , а истражувањата од 2010 година потврдиле европоидни карактеристики на мумиjата од египетскиот фараон

Фараонот бил пронаjден неколку дена после смртта . Тоj факт довел до делумно разлагање на мртвото тело . Александровите посмртни остатоци биле процесуирани седум дена после настапување на смртта , што довело до модификациjа на процедурата за балзамирање . Според  ,Александриите , телото на македонскиот цар било термички обработено со што запрела понатамошна дехидратациjа на кожата, балзамирано и испратено во Египет , каде што и пристигнало со многуброjна свита  после две години . После термичката процедура на кожата таа поцрнала и jа изгубила природната боjа . ДНК анализата извршена над ткивото од фараонот потврдила европска припадност на Отелотворениот Амон . Иако , заради задоцнетото балзамирање и термичкиот третман , неговата кожа е исто така поцрната .
-Во Египет , Птоломеj наредил второ балзамирање на телото , исто така  на  Отелотворениот Амон  пронаjдени се два слоjа од смола . Значи дека и тоj бил балзамиран во два наврати .

-Следно , експертите – египтолози констатирале многуброjни нарушувања на погребната традициjа поврзана за првите лица на египетската царска номенклатура . Според строгите правила , рацете на фараонот мируваат  вкрстени на градите – во случаjот со О. А. тие се вкрстени на стомакот. Резот на телото пред мумификацијата се наоѓа на место што не се вкалапува во традициjата . Саркрфагот бил свртен со главата кон вратата на гробницата наместо со нозете , и други недоследности во вечното пребивалиште на фараонот .

-Александар , имал  пробивна рана на тилната страна од главата над вратните пршлени . Повредата jа добил од кратка стрела во областа Асахана . Форензичарите , на мумиjата од Амон , откриле иста таква рана и хематом во областа на раната , што докажува дека таа била добиена во време на животот а не посмртно .
При посетата на Октавиjан Август на гробницата , во обид да го бакне Македонскиот , римскиот император го повредил и оштетил носот на балзамираниот Цар . Носот на Амон ги има истите оштетувања.
-Извесно е дека Александар бил два пати повредуван во задниот дел од главата со тврд предмет . Првата повреда претставува удар од камен , втор пат погоден е со тапиот дел од секира .
Форензичките фотографии покажуваат идентични повреди на главата од фараонот . Криминолозите од Скотланд Јард , потврдуваат дека едната повреда нанесена на главата потекнува од удар со секира , а за втората одговорен е камен  . Повредите на коските од  очните сводови само ја потврдува претходната констатациjа. Ефектот на против дејcтво , и притисокот на мозокот при двоjниот удар во тилот на Александар – Отелотворениот Амон ги напукнал очните сводови .После ударот со камен , на Александар му биле потребни седум дена за да го врати видот . Форензичарите од Скотланд Jард заклучиле дека при последниот удар со тап предмет фараонот имал привремено слепило .

-Вратот на Александар бил наклонрт на левата страна. Морал да го врти горниот дел од телото за да погледне лево или десно од себе . Денешната медицина оваа поjава ја нарекува Клипел-Феjл заболување и е прилично ретко . Станува збор за наследно заболување , наследено по таткова линија .
Во седумдесетите години од минатиот век , пронаjдена е гробницата на Филип .Британскиот експерт  Ричард Боер заклучил дека и таткото на Александар jа имал ова ретка аномалиjа .

Мумиjата од гробницата КВ 62, Отелотворениот Амон , носител е на истиот синдром .
-Александар , уште  имал  повреда од кратко копjе или воен нож во пределот на бедрената коска , како и повреда од ниско копjе во горниот дел од стопалото .
Со такви рани ,, ишарани ,, се и коските од египетската мумија на Отелотворениот Амон .Признаците на остеонекроза на коските потврдуваат дека раните се нанесени во време животот на фараонот.
Раната од метровата стрела , останата на градите од Александар довела до отстранување на дел од кожното и мускулно ткиво од тоj дел на торзото .
Од градите на фараонот недостигаат фрагменти од тие ткива на градите .

 -Како причина за смрт на Александар Македонски ,наведена е заразата со  маларија . Треската го мачела неколку денови , и за жал , Македонскиот починал . Неколку недели претходно , неговиот љубопитен дух го навел на посета и истражување на Ирачките мочуришта , каде што наjверојатно се случила заразата .
Министерството за древности на Египет во 2010 година официjално обзнани дека причина за смрт каj Отелотворениот Амон се : отворената рана на бедрената коска , сколиоза и малариjа .

-Општо прифатена возраст во време смртта на Александар е  33 години . Само каj Низами Гjанжеви среќаваме поинаква хронологиjа на настаните поврзани за животот на Царот . Александар се упатил во Источниот Поход со наполнати 15 години. Ноходот за него завршил после 12 години .
Фараонот се упокоил на 27 годишна возраст од причини наброени претходно . Детскиот трон пронаjден во гробницата КВ 62 потврдува за младата , речиси детска возраст на Отелотворениот Амон . Интересен е фактот : тронот нема класична египетска иконографиjа . Направен е во македонски манир , со сите негови стилски обележjа .

 Продолжува …

Пишува: Зоран Курљан

Related posts

2 comments

Dimitar 01/09/2022 at 19:24

/// ……” MACEDONIA is ALIVE ” ….\\\ ! ************************************************************************************************ ###………/// * NORTH is DEAD * \\\ ! ************************************************************************************************ ‘### …..// …only ..**MACEDONIA** ;….only..**MACEDONIA** ; ….only…**MACEDONIA** \\ ! ************************************************************************************************* ####…../////…..”FOREVER *****MACEDONIA***** FOREVER”….\\\\\ ! *************************************************************************************************

Reply
Dimitar 01/09/2022 at 19:33

..###……/// … ” MACEDONIA is ALIVE “….. \\\ ! **********************************\***************************************************************** ###….. /// …. *NORTH is DEAD*……\\\ ! ***************************************************************************************************** ### ….///..only…**MACEDONIA**.. ; …only… **MACEDONIA** .. ; ..only…***MACEDONIA*** \\\ ! ***************************************************************************************************** ###……./////…” FOREVER ***MACEDONIA*** FOREVER “….\\\ ! ************************************************************************************************************

Reply

Leave a Comment