Занимливости

Фејсбук оди на суд за технологијата за препознавање лице, можна парична казна од 35 милијарди долари

Фејсбук изгуби уште една битка во војната која ја води во борба за стопирање на колективната постапка во случајот вреден 35 милијарди американски долари,која е покрената поради наводна злоупотреба на податоците за препознавање на лицето. Судот го отфрли барањето за итна расправа што може да го прекине случајот. Сега ќе се оди на суд, освен доколку Врховниот суд не заземе поинаков став.


Во тужбата се наведува дека граѓаните на Илиноис не се согласиле да ги скенираат нивните фотографии и не биле информирани колку долго ќе се чуваат податоците кога ќе започне мапирањето во 2011 година.

„Овие биометриски податоци се многу чувствителни. Единствени како отпечатокот од прст.

Фејсбук би можел да се соочи со казни од 1.000 до 5.000 УСД по корисник за 7 милиони луѓе, што може да достигне максимум од 35 милијарди долари.

Судскиот совет го одби предлогот на Фејсбук да го отфрли случајот. Еден судија рече дека се чини „веродостојно“ податоците за препознавање на лицето на Фејсбук да се користат за да се идентификуваат на снимките за видео надзор или дури и да се отклучи биометриски заштитениот мобилен телефон. Фејсбук првично разви функција за да обележува луѓе на фотографии, прашувајќи ги корисниците дали тие или нивните пријатели биле на необележана фотографија.

„Фејсбук отсекогаш им кажувал на луѓето за употребата на технологија за препознавање на лицето и им давал контрола за тоа дали тоа е корисно за нив. Ние ги преиспитуваме нашите опции и ќе продолжиме жестоко да се браниме “.

Судската постапка е поднесена уште во 2015 година, а Фејсбук направи се за да ја блокира, од приговор против дефинициите на повеќе термини во судската постапка, до лобирање против законот за приватност на биометриските податоци.

Евентуалната казна во овој случај би била поголема од рекордната спогодба од 5 милијарди американски долари  за нарушување на приватноста на корисниците,на која Фејсбук се согласи. Иако таа казна е само дел од приходите од 55 милијарди американски долари остварени од Фејсбук минатата година, таа беше придружена со бројни нови побарувања во однос на приватноста и транспарентноста на податоците. Веста за евентуална казна од 35 милијарди американски долари резултираше со пад на цената на акциите од 2,25%.

Related posts

Leave a Comment