Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес е оттргнат од својот народ од алчност, изјави поранешниот член на легендарниот англиски рок бенд „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс.
Вотерс изрази надеж дека егзилот на Моралес ќе биде краток, потсетувајќи дека првиот боливиски претседател од редот на домородните народи направил „одлична работа“ на таа функција.
– Се надевам дека егзилот ќе ти биде краток, затоа што си му потребен на твојот народ. Ним им е потребен водач како тебе “, му порача Вотерс на поранешниот лидер на Боливија.
Вотерс во пораката рече дека Моралес спасил многу од сиромаштијата и всадил чувство на достоинство.
– Законот и историјата се на твоја страна и колку побрзо ќе се вратиш дома во твојата сакана Боливија, толку подобро ќе биде за луѓето, вам, но и за нас останатите – рече легендарниот рокенрол музичар.
Британскиот музичар истакна дека тој не е религиозна личност, но дека ќе се моли за моментот кога Моралес ќе се врати во Боливија, за која Вотерс рече дека паднала во рацете на негативци и фашисти и паднала во стапицата на тоталитаризмот откако поранешниот лидер поднесе оставка минатата недела, објави Раша Тудеј.
Вотерс е познат како долгогодишен активист на политичката левица и противник на американскиот империјализам ширум светот.
Тој, исто така, зборува често за казната затвор изречена на поранешниот бразилски претседател Лул да Силва, а се знае дека е голем застапник на ликот и делото на австралискиот новинар Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, кој моментно се наоѓа во британскиот затвор.