Пожари околу населњните места Норово и Алдинци во Кришевско, се уште не се ставени под контрола, информираат од Општина Крушево. Пожарот е проширен кон местата Трстеник во близина на манастирот „Свети Спас“, поради што во моментов три хеликоптери на АРМ учествуваат во гаснењето.
Во гаснењето на пожарите исто така учествуваат од општина Крушево, Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски упатува благодарност до АРМ за помошта со хеликоптерите.