Хонг Конг – Поддржувач на антивладините протести во Хонг Конг,го избодел со нож и повредил про-кинески ориентираниот пратеник Јуниус Хо
Нападот се случи додека пратеникот водел кампања за локалните избори, соопшти полицијата, додавајќи дека напаѓачот бил уапсен.
Полицијата исто така додаде дека Хо, неговиот помошник и напаѓачот биле однесени во болница, пренесува АП.
Откако ја напуштил болницата, Хо, рече дека се здобил со рана длабока два сантиметри.
Во видеото, кое се појави на социјалните мрежи, се гледа како еден млад човек му дава цвеќиња на Хо и бара да се слика со него, а потоа вади нож што го држел зад грбот, прободувајќи го Хо во градите.
Во видеото се гледа и како Хо и уште неколку други брзо го совладуваат.
Хо стана омразена фигура во Хонг Конг за време на протестите, поради наводна поврзаност со маскирани мажи во бели маици кои наводно ги нападнале демонстрантите во метрото на 21 јули.
Најмалку 45 лица тогаш беа повредени, а Хо негираше каква било врска.
Оттогаш, демонстрантите постојано ја таргетираат неговата куќа и ги осквернавија гробовите на неговите родители.