Околу 900.000 деца на возраст од пет до 11 години ја примиле првата доза од вакцината против Ковид 19 во првата недела од имунизацијата на оваа возрасна група, соопшти денеска Белата куќа.
Конечното одобрување на вакцината за деца федералните регулатори го дадоа на 2 ноември, а првите дози ги добија децата на одредени локации следниот ден.
Сега се даваат вакцини во близу 20.000 аптеки, клиники и лекарски ординации, а администрацијата на претседателот Џозеф Бајден проценува дека повеќе од 900.000 деца ќе бидат вакцинирани до крајот на денот.
Во наредните денови првата доза од вакцината ќе ја добијат околу 700.000 деца, кои веќе имаат закажано термини, пренесе АП.
Околу 28 милиони деца во САД на возраст од пет до 11 години имаат можност да ја примат вакцината. Децата добиваат една третина од вакцината за тинејџери и возрасни.
И покрај сите предупредувања од еминенти виролози и доктори дека експерименталната вакцина против ковид, има штетни последици и зголемен број на нус појави, вакцината масовно се аплицира, а најстрашното од се е што од тој процес не се поштедени ни најмладите.