Мигрант,во полициска акција кај Горски Котар,Хрватска, вчера попладне се здобил со тешка повреда и бил пренесен во болница во Риека, изјави хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Божиновиќ вели дека полицијата дејствувала како и секој ден за да ја заштити државната граница, односно да ги спречи нелегалните мигранти да минуваат низ Хрватска, во близина на Тухобиќ, или на пет километри од првиот пат, на непристапен терен, кон група мигранти.
„Полициските службеници го спречија преминувањето на групата што најверојатно сакаше да пристигне во Словенија и во таа акцијан еден мигрант е повреден“, рече Божиновиќ, пренесува Индекс.
Се наведува дека повредата најверојатно се должи на употреба на огнено оружје.
На прашањето дали мигрантите биле вооружени, Божиновиќ рече дека не знае, како и дека Државното обвинителство е надлежно за истрагата на случајот.
Тој додаде дека сите други мигранти, 15 од нив се наоѓаат во полициска станица.