Пратеникот на ХСС, Крешо Бељак , во средата во хрватскиот Сабор ја коментираше војната во Украина.
„Ќе бидам отворен па нека ме убие ЦИА или некој друг – во Украина Америка војува против Русија до последниот Украинец. Во Украина Америка е во војна против Русите до последното евро на Европската Унија и цела Европа. И Финска и Шведска влегуваат во приказната под одреден притисок да се „усогласат“, како што се бара од нас – или сте за или сте „путинофил“ за Русите“, рече тој, продолжувајќи:
„Јас не сум „путинофил“ или за Русите. Ако треба да изберам каде ќе живеат моите деца, тоа секогаш ќе биде на Запад наместо на Исток. Некои работи треба јасно да се кажат, и никој да не се етикетира поради тоа“.
„Не чека катастрофа“
Претседателот на ХСС смета дека поради војната во Украина на Хрватска и претстои тешка зима со криза и инфлација.
„Го поставувам прашањето – кој има корист од војната во сето ова? Погледнете го курсот на американскиот долар денес и пред еден месец… Кој на кого и по која цена продава енергија…“, вели Бељак, напоменувајќи дека тие во Хрватска ќе опстојат бидејќи се навикнати на кризи, но тој прашува што ќе се случи во Германија или Франција.
„Па луѓе мои, не чека катастрофа. Тотална катастрофа. На улиците низ Европа не чекаат немири. Тоа е нешто што се подготвува и што сите го знаат. Ме чуди што сите како мали пајчиња го повторуваме она што го велат американските империјалисти, ништо друго“.
Да потсетиме, ова не е првпат Бељак да изрази непопуларно мислење за војната во Украина. Тој беше првиот политичар кој јавно проговори од сосема поинаква перспектива за реакцијата на Западот на војната во Украина.
Тој во март рече дека Зеленски „нема право агресивно и арогантно“ да бара од Европа да ја плати цената на војната чија суштина, според Бељак, е „борбата за светска хегемонија“.
Потоа ги спореди Русија и Америка со слонови, а Хрватска со трева. „Додека слоновите се борат, тревата страда“.
„Го поддржувам Орбан кога е Украина во прашање“
Тој рече дека во оваа војна Украинците станаа „топовско месо“ за големите сили и дека владините претставници треба да се грижат за хрватските интереси, а не за интересите на другите.
„Пленковиќ нека се држи настрана од оваа приказна за Украина. Тоа што го прави Грлиќ Радман е одвратно. Јас се срамам. Не го поддржувам Орбан во ништо, но неговиот став за војната во Украина е нешто што го поддржувам. Кога Зеленски многу агресивно го напаѓа него и не само него туку и другите, што станува малку грубо, мислам дека не е коректно така да се напаѓа Западот и Орбан, посочувајќи дека не размислува за Украина“, рече. Бељак и продолжи:
„Одговорот на Орбан беше „Ги гледам унгарските интереси“. Тоа требаше да го кажат Грлиќ Радман и Пленковиќ. Кога слоновите се караат, тревата страда. И ние сме трева, а Русија и Америка се слонови. Мислам дека премиерот треба да ги поддржи хрватските интереси, а тоа не е каков било конфликт со Русија. Војната не е само вооружен конфликт, војната е првенствено економска војна. Гледаме кој има економска корист. Во нашата војна победници беа олигарсите кои ограбија сè. Европа нема да биде победник овде, Америка ќе биде победник. Таму нема да има војна. Тие создадоа економски конфликт меѓу Европа и Русија“, вели Бељак.
„Зеленски нема право агресивно и арогантно да бара санкции против Русија“
Тој нагласува дека сочувствува со Украинците, но дека Хрватска е колонија во однос на тоа што дозволува.
„Тоа е борба за светската економија. За жал, Украинците се топовско месо. Јас не сум русофил, ги сакам Украинците и Русите, жалам што се случува, но наш примарен интерес е интересот на хрватските жители. Тоа е војна меѓу Русија и Америка, како и во Сирија. Јас сум како Орбан, против ние да платиме за таа војна. Тоа што отсекогаш сум го велел, ние сме колонија ако дозволиме да биде. Зошто немаше санкции поради војната во Ирак и Авганистан? Ние ги водиме нашите интереси, а не оние кои не туркаат во војна. Зеленски нема право агресивно и арогантно да бара санкции против Русија од Европа“, заклучи Бељак.