Свет

Хјуман рајтс воч : Дали американските сили извршиле воени злосторства во Авганистан?

Новиот извештај на „Хјуман рајтс воч“ покажува зголемување на злосторствата извршени од авганистанските сили обучени од ЦИА, како и повеќе цивилни жртви убиени од американските и авганистанските сили.

Организацијата бара истрага дали американските сили извршиле воени злосторства во Авганистан, пренесува АП.

Извештајот од 50 страници објавен во четвртокот следеше после скоро две години истраги за наводи за кршење на правила од авганистанските сили поддржани од САД, вклучително и убиства и киднапирања..

Во него се наведува дека каков било мировен договор што ќе стави крај на 18-годишната војна во Авганистан, треба да одлучи и за судбината на оние сили што наизглед дејствуваат неказнето,со нивно распуштање или ставање под контрола на Министерството за одбрана.

Во извештајот се вели дека авганистанските безбедносни единици не донеле стабилност, туку „ги поткопале авганистанските институции и ставиле во опасност голем број Авганистанци“, се вели во агенцијата.

Related posts

Leave a Comment