Регион

Црна Гора : Граѓаните ги блокираат патиштата поради апсењето на свештениците!

Голем број граѓани на Андријевица од 11 часот го блокираат магистралниот пат Беране – Андријевица – Плав.

Блокадата е направена со автомобили на влезот во Андријевица, кај некогашната фабрика „Соко Штарк“, пренесува Вијести.

Граѓаните рекоа дека тие се решиле на тој потег како знак на протест против апсењето на владиката Јоаникие во Никшиќ и другите свештеници.

Вчера во Никшиќ, Српската православна црква организираше литија и литургија за празникот Свети Василиј Острошки , на која присуствуваа голем број на луѓе кои не ја почитуваа социјалната оддалеченост и не носеа заштитни маски, иако забраната за јавни собири во Црна Гора е во сила заради ширењето на новиот коронавирус.

После тоа, приведен е владиката Јоаникие и други свештеници.

На владиката Будванско-Никшиќки и на свештениците им било одреден да бидат притвор во траење од 72 часа, откако биле сослушани во обвинителството во Никшиќ.

Покрај Јоаникие, беа приведени и свештениците Данило Зиројевиќ, Жељко Ројевиќ, Остоја Кнежевиќ, Мирко Вукотиќ, Василије Брбориќ и Никола Маројевиќ.

Related posts

Leave a Comment