Среде тензиите во Црна Гора околу Актот за слобода на религија, се слави големиот христијански празник, така што традиционално верниците се собраа во Цетиње и го запалија бадниковото гранче пред манастирот. Во исто време, недалеку оттаму,бадник горат и верници од непризнатата, т.н. црногорска православна црква, а присутна е и полицијата.
– Победата е наша, зашто Господ е со нас. Ќе застанеме на патот и на ова зло – велат некои луѓе пред манастирот Цетиње, каде има неколку стотици верници.Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ од Демократскиот фронт и српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ се исто така таму.
Митрополитот Црногорско-Приморски Амфилохије со свештенството ја служи Светата служба во манастирот Цетиње.
Crnogorski grad Cetinje … https://t.co/ty4K7iFcMV
— Zoran (@zoran_111) January 6, 2020
Според српски „Курир“, верниците пееле песни како „Ој, Косово, Косово“.
Стотина метри подалеку, пред дворот на кралот Никола, верниците на црногорската црква палат бадниково дрво, а ова е една од деветте локации каде што се собираат денес,и тоа централна.
Беа поставени силни полициски сили меѓу двете групи верници, што укажува на тензии меѓу нив.
За потсетување е дека низ цела Црна Гора со денови се одржуваа молебдени и литии во знак на протест против законот за слобода на религијата .