РУСКИТЕ олигарси се добредојдени во Турција, но тие мора да го почитуваат меѓународното право доколку сакаат да работат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу.
Турција го критикуваше рускиот напад врз Украина, но се противи на санкциите наметнати од сојузниците на НАТО, објави Ројтерс.
– Доколку руските олигарси или било кој руски државјанин сакаат да ја посетат Русија, секако дека можат да го направат тоа. Олигарсите можат да прават бизнис во Турција, само ако се е легално и тогаш можеме да разговараме во таа насока. Ако тоа е спротивно на меѓународното право, тогаш тоа е друга приказна – рече Чавушоглу на форумот во Доха, Катар.