Политика

Чавушоглу: Санкциите кон Русија не се решение

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу зборуваше за санкциите што во моментов се воведуваат кон Русија, велејќи дека верува оти тие нема да го решат проблемот.

„Санкциите против Русија не се решение за проблемот“, рече Чавушоглу, цитиран од Дипломатскиот форум на Анадолската новинска агенција во Анталија .

Шефот на турската дипломатија изјави дека Турција „во принцип“ нема намера да се приклучи на санкциите против Русија.

Тој го кажа и следното: „Се обидуваме да организираме состанок на лидерите (Русија и Украина). Уште пред да започне војната, вложивме такви напори. Во принцип, за време на телефонските разговори со нашиот претседател (Ердоган), Путин рече дека не е против таква средба… Украинската страна е подготвена. Страните водат технички преговори во Белорусија. Од друга страна, има напори на други канали кои исто така ги поддржуваме“.Претходно турските власти соопштија дека се за мир и прекин на огнот во Украина, но дека не сакаат да „палат мостови“ во односите со Русија и да воведат санкции, додека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди нападите врз руските културни дејци.

Related posts

Leave a Comment