Европа

Четврти ден протести во Франција – некои рафинерии се уште блокирани

ПАРИЗ – Портпаролот на француската нафтена компанија „Тотал енерџи“ денеска изјави дека поради штрајкот на работниците од оваа рафинерија, кои веќе четврти ден протестираат против најавената пензиска реформа, испораките на гориво се уште се блокирани.

Околу 40 отсто од работниците во утринската смена денеска го продолжија штрајкот, додаде портпаролот на Тотал енерџи, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на радикалниот синдикат ЦГТ објави дека испораките се прекинати и во рафинеријата Фос, која е во сопственост на компанијата Есо.

„Штрајкот беше прекинат денеска во рафинеријата Порт Гером, но се надеваме дека ќе продолжи следната недела“, додаде портпаролот на CGT.

Related posts

Leave a Comment