Крузерот „Зандам“, на кој се наоѓаат повеќе од 1.800 луѓе во близина на Панама, е во трка со времето да пренесе здрави патници на друг брод, откако четири лица починале од корона вирус.
Сопственикот на крстосувачот, Холанди Америка, соопшти дека повеќе од 130 луѓе на бродот изјавиле дека имаат симптоми слични на грип, како и проблеми со дишењето.
Холанд Америка изјави дека планира да пренесе патници на „сестринскиот брод“ Ротердам, кој исто така се наоѓа на западниот дел на пацифичкото крајбрежје на Панама.
„Зандам“ планира да исплови низ каналот Панама кон Карипското Море, а потоа да продолжи кон Флорида.
Панамските власти соопштија дека ниту еден брод со потврдени случаи на корона вирус не може да го премине каналот.
„Продолжуваме да работиме со властите во Панама за да добиеме одобрение да поминеме низ панамскиот канал и да испловиме кон Форт Лодердејл, Флорида“, соопштија од компанијата Холанд Америка.
Компанијата изјави дека 53 гости и 85 членови на екипажот покажале симптоми слични на грип.
На бродот има 1.243 патници и 586 членови на екипажот, вклучително и четворица доктори и четири медицински сестри.
Постојат двајца други лекари и четвори медицински сестри на крстосувачот Ротердам, додаваат од компанијата.
Крузерот „Зандам“ исплови од Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, на 7 март.