Свет

Шведска предупредува на „контра реакција“ на острите мерки за коронавирусот

Swedish deputy PM warns of 'counter reaction' to harsh lockdown ...

Вицепремиерката на Шведска, Изабела Ловин, денес негираше дека нејзината влада следи стратегија за „имунитет на стадата“ и предупреди на „контра реакција“ на острите мерки.

Претерано остри мерки за забрана на движењето ризикуваат „замор“ и „контра-реакција“ на луѓето кои престануваат да ги следат советите на владата, рече шведскиот вицепремиер.

Шведска усвои различна стратегија со далеку помалку рестриктивни мерки на социјално растојание од повеќето европски земји. Училиштата, баровите, рестораните и продавниците се отворени, а во земјата се дозволени собири со најмногу 50 лица.

Ловин за Би-Би-Си изјави дека пристапот на шведската влада препознал дека пандемијата на коронавирусот ќе биде „маратон, а не спринт“, но рече дека е „мит дека Шведската влада не презела сериозни чекори“.

„Мислам дека секоја земја мора да преземе активности во согласност со својата традиција и нејзиниот систем на управување“, рече таа. Според неа, вистинскиот страв ако имате премногу остри мерки е дека тие не можат да се одржат со текот на времето и може да добиете контра реакција, па луѓето нема доброволно да ги следат препораките што „треба да се следат многу долго време“.

„Не сакаме да го замориме населението и факт е дека шведскиот народ во голема мерка не поддржува“, рече таа. На прашањето дали шведската влада следи стратегија ,,имунитет на стадо”, Левин одговори негативno.

Related posts

Leave a Comment