Фудбал

Шевченко со поддршка за Италија : Таму е како во Чернобил, лекарите се херои!

Украинецот Андреј Шевченко ја спореди сегашната состојба во Италија во однос на коронавирусот со катастрофата во Чернобил.

Поранешниот најдобар фудбалер на светот, сега селектор на репрезентацијата на Украина, сочувствува со народот на Италија, каде што помина голем дел од својата играчка кариера носејќи го дресот на Милан.Тој повлече паралела со градот во кој се прослави и еден од својата татковина – Припјат кога се случи нуклеарната катастрофа во 1986 година.

– Благодарност за докторите, тие се вистинските херои од нашето време. Ситуацијата е многу слична на Чернобил. Поминавме низ слични работи – рече Шевченко и ги поздрави сите Италијанци.

– Јас сум секогаш со вас. Треба да ја исправиме ситуацијата. Forca (Напред) Италија – истакна тој.Шевченко имал 12 години кога се случила катастрофата во Чернобил и тој тогаш морал да биде евакуиран од родниот Киев во Одеса заради високото ниво на зрачење.

Related posts

Leave a Comment