Џо Бајден, претседателски кандидат за претседател на САД, ја бакна 19-годишната внука во уста на предизборен митинг во Ајова.
Откако се појавија снимките и фотографиите на кои се гледа дека Бајден ја бакнува внуката во уста , на социјалните мрежи беа објавени бројни негативни коментари.
Необичниот настан се случи на универзитетот Кларк, кога на собирот присуствуваше и внуката на Бајден, ќерката на синот Хантер, која има 19 години.
Тој ја претстави внуката пред толпата.
Во еден момент, тој започна да шета низ сцената и разговараше со публиката за разликите помеѓу неговата ќерка и внука, а потоа се врати кај 19-годишната внука.
” Внуките не само што ги сакаат своите дедовци, туку и им се допаѓаат. И тоа е одлична работа. Благодарам, бебе”, рече Бајден, а потоа ја бакна својата внука во уста.