ФБ Статуси

Јадранка Бибан: ЕЈ МОРЕ ВИЕ ШУТРАЦИ!! Сексот не е работа што се учи во училиште!

ЕЈ МОРЕ ВИЕ ШУТРАЦИ!!Сексот не е работа што се учи во училиште! Сексуалната енергија е природен проток на животните форми. Сексуалната енергија дава живот и ја трасира животната фрекфенција. Тоа не се учи, тоа слободно тече!
А нејзиниот проток е насочен натаму каде води животниот стил на човекот!
Затоа не треба да обучувате учители за да го раскажуваат сексот туку треба на луѓето да им обезбедите квалитетен живот. Да им обезбедите благосостојба, здрава социјална средина, здрава храна, доволно средства за живот, да се чувствуваат безбедни, да не ги плашите со болести, да не им ставате партали на носот и устата, да не ја забранувате културата, да не правите индустрија од спортот туку задоволство, да не ги труете луѓето од воздух, да не ги дрогирате со лекови…
Настраните сексуални форми се ПОСЛЕДИЦА на нездравиот систем, а урамнотежената и делотворна сексуална енергија е РЕЗУЛТАТ на едно здраво општество, здрав социјален систем за кого сте вие задолжени да го обезбедите. Тука засукајте ги ракавите и на тоа работете… туку како ќе работите кога и вашата сексуална енергија отишла во аут…
Д-р Јадранка Бибан
ДОДАТОК:
Читам на некои профили каде што е споделен овој статус, некои штитеници на невладини организации даваат мислење за мојата “некомпетентност” да кажувам за нивниот ангажман во напорот сексуално да се “образуваат” младите. Како прво јас нигде нив не ги споменувам иако знам дека се и тоа како ангажирани во сексуалниов процес. Како второ, да им кажам за едно мое искуство со нив. Една невладина уште во далечната 2004 година кога јас работев во мојата приватна гинеколошка ординација, дојдоа со нивни претставници за да направат договор за да носат на редовни прегледи жени кои се бават со проституција. Јас прифатив и тие почнаа на неколку дена да носат претежно млади девојчиња кои практицираат проституција. Но покрај прегледите јас почнав да разговарам со пациентките за вистинската вредност на нивниот сексуален живот, за нивното здравје, за тоа дека таква вредност не може да се мери со пари… Девојчињата почнаа да го прифаќаат разговорот и зборуваа за нивните чувства и потреби. Кога одговорните од невладината видоа дека јас почнав и едукативно да делувам на пациентките, најпрво ме предупредија да не го правам тоа туку само да правам технички гинеколошки преглед бидејќи таква била нивната програма. Јас објаснив дека советите се дел од прегледот и за тоа не треба да ми се плаќа дополнително. Тие сепак ја прекинаа соработката со мене…
Сакам да ви кажам другарчиња, знам јас, знам многу работи, но мојот “проблем” е што не сум на продажба и можам јавно да зборувам😊
ФБ Статус на Доктор Јадранка Бибан

Related posts

Leave a Comment