Македонија

Љубомир Цуцуловски до ДПМНЕ : Партиите и политичарите постојат за народот а не обратно

КОГА ЕДНАШ…? 

Кога еднаш македонските партии и политичари ќе разберат дека народот не постои да дава подршка на одредена партија или да поткрепува можен премиер, туку е обратно – партиите и политичарите постојат за да пружат несебична подршка на опрвданите/легитимните барања на народот/граѓаните. Вчера, во организација на ВМРО-ДПМНЕ, беше одржан митинг против неправдата во Република Македонија. Меѓутоа, наместо да се каже дека партијата со овој митинг отворено застанува зад оправданите барања на народот/граѓаните, нејзинит секретар за меѓународна соработка (тоа му даоѓа како партиски министер за надворешни работи) изјави дека граѓаните ќе биле на протестот за да испрат сигнал дека е дојдено времето за влада, предводена од Христијан Мицкоски! Значи, граѓаните постојат за да дадат подршка на иден можен премиер, макар што протестот беше против неправдата воопшто(!?) Понатаму, дали барем во еден миг луѓето од оваа партија помислиле дека на протестот ќе има граѓани кои не се партиски определни, ниту се дојдени за подршка на одреден партиски лидер, како можен иден премиер? И, зарем не помислиле дека со оваа изјава (особено во 3:35 – 3:47 мин. од приложената видео снимка) по ништо не се разликуваат од прашањето дали сте за влез во ЕУ и НАТО, со право да се промени и името на дражавата?

Накусо, организаторите на протестот/маршот бараат (и тоа во исто време!) подршка за две различни работи – подршка во бората против неправдата и подршка за Мицкоски, како можен премиер. Тоа е можно само (и само!) ако правдата ја изедначуваат со една личност, а таа личност со правдата.

Малку мера и скромност не ќе се на одмет, макар се работело и за најголемата опозициска партија.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment