ИМА ЛИ КРАЈ? Опозицијата на цел глас трубеше (можеби и уште труби?) дека Заев и СДСМ, заради нивната досегашна политика, не се во состојба да поставуваат никакви услови. Меѓутоа, денес се потврди токму спротивното. Не само што Заев и СДСМ испорачаа услови за распишување на вонредните избори, туку и уценија – ако не се донесат одредени закони, Заев не ќе поднел оставка на 3.01.2020 година. И, наместо опозицијата да го зголеми притисокот врз властите, таа ја прифати уцената. Гласаше за законите! Оттука, граѓаните со право се прашуваат дали оваа циркусијада, со нагласени елементи на арлекинијада, има крај? Или, сѐ е однапред стокмено, во интерес на партиските врхушки?
ФБ Статус на професорот Љубомир Цуцуловски