Колумни

Љубомир Цуцуловски: Камбаната бие за секој од нас!

ЗА КОГО…? Откако започна војната во Украина многумина луѓе ширум светот – добри или лоши, сеедно – се прашуваат што ќе се случи таму, во Украина.

И дали Украина навистина се наоѓа на почетокот од нејзиниот крај, изумувајќи го (намерно или не?) славниот писател Ернест Хемингвеј и реторичко-прашалниот наслов на неговиот роман „За кого бијат камбаните“, кој претставува позајмица/парафраза на дел од духовната поема „Побожност во итни случаи/Devotions Upon Emergent Occasions“ („Медитација/Meditation“ XVII) од англискиот поет Џон Дон, роден 1572 година; починат 1631 година. Во неа тешко заболениот Џон Дон предупредува: „… немој да се прашуваш за кого бие камбаната; камбаната бие за тебе.“ Во основа, таа бие за секој од нас. Затоа, потребно е сите, без исклучок, навреме да се пробудиме и да сфатиме дека не сме ништо друго, туку само дел од една целина, која може лесно (премногу лесно!) да исчезне/испари, како никогаш и да не била. Со неа и ние.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment