Македонија

Љубомир Цуцуловски : Нека престанат македонските политиканти, дилетанти, шарлатани (меѓутоа, и значаен дел од македонските медиуми) да ја замајуваат македонската јавност дека претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ многу ќе помогнело за влез во ЕУ.

НЕКА… Нека престанат македонските политиканти, дилетанти, шарлатани (меѓутоа, и значаен дел од македонските медиуми) да ја замајуваат македонската јавност дека претседавањето на Хрватска со Советот на ЕУ многу ќе помогнело за влез во ЕУ. Андреј Пленковиќ и Хрватска можат да помогнат онолку колку што можеше да помогнат Бојко Борисов и Бугарија, или која било друга држава, односно нејзин премиер. Зарем не сфаќаат (или не сакаат да сфатат?) дека претседавачот на ЕУ нема (и буквално: н е м а) никаво суштинско влијание врз политиката на ЕУ. Овој ротирачки систем на претседавање со ЕУ е речиси идентичен со бесплодниот, јалово-стерилниот југословенски систем на ротирачко претседавање или на патувачкиот циркус (кон крајот од југословенската агонија) кој час ќе се најдеше во Охрид, час во Сараево, час кај Брдо кај Крањ, час во… И што решија Глигоров, Изетбеговиќ, Милошевиќ или Туџман? Колку што тие можеа нешто да решат, шетајќи се ваму-таму, толку и селењето на претседавањето со ЕУ може нешто да реши.

Затоа, најдобро е, барем во овој период пред изборите, македонските арлекини и шарлатани, да прекинат меѓусебно да се препукуваат и „надмудруваат“ кој што направил, бидејќи единствено што направија е водење на капитулантска политиката кон сѐ што доаѓаше однадвор и „мудрото“, што би требало да значи к о н с т р у к т и в н о однесување на опозцијата, чија задача не е да се однесува во стилот на погрешно, т.е. извитоперено сфатеното конструктивно однесување, ниту задачата ѝ е да трага по двотретинско мнозинство+бадентерово мнозинство за „враќање“ на името. Задачата, барем засега, на опозицијата е во секојдневно потсетување на сегашнава власт како дојде на власт и како ги носеше одлуките, законите, вклучувајќи ја и насилната промена на Уставот и името, наместо со подзината уста да очекува нешто од Хрватска – не затоа што Хрватска не сака да помогне, туку затоа што толкава е моќта на кој било претседвач со ЕУ. Нашата судбина мораме самите да ја решиме, наместо да очекуваме да се случи нешто волшебно кај другите.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment