ФБ Статуси

Љубомир Цуцуловски : Нешто во главата на Бујар Османи се помешало

БАЛАНС? Нешто во главата на Бујар Османи се помешало.

Не можам да разберам за каков баланс говори кога на едниот тас става нецели 20% од вкупното население на Република Македонија (нека бидат и 20%), а од друга страна ги става сите останати?

Според него следи дека нецели 20% тежат колку сите други граѓани. Необична, дури и грандоманска логика за еден министер, кој во слободно време, налик на федерален шериф, проверува дали некој „закон“ се спроведува или не.

Спомнува дека Венецијанската комисија не била супермаркет, во кој секој може да купува што ќе му се посака. Што е Венецијанската комисија не ме интересира, бидејќи не станува збор за нејзини интереси, туку за интересите на Република Македонија, која би требало, според сите параметри на здравиот разум, самата да ги решава.

Меѓутоа, кога веќе нагласува дека Комисијата не е супермаркет во кој може сѐ да се купи, тогаш нека биде консекветен и нека не труби/нагласува дека Комисијата не била против двојазичноста на банкнотите и на војничките униформи, бидејќи во Македонија, покрај албанското малцинство, постојат и други малцинства, кои имаат свој јазик, свои чувства и свои интереси.

Понатаму, истиов човек предупредува дека ако се нарушел балансот (со сета нејаснотија за каков баланс говори) ќе дошло до општа дестабилизација на Државата. Ако е така, тогаш ред е да каже кој ќе ја предизвика дестабилизацијата, со какви цели и на каков начин, за да може власта (чиј член е и самиот тој) на време да се подготви против непријателот, чие евентуално доаѓање го најавува.

 

ФБ Статус на Професор Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment