Колумни

Љубомир Цуцуловски : Тоа што сега го изјавуваат/тврдат македонските власти (особено Филипче) не е ново, Така започна со Евреите во Нацитичка Германија

СЕЛЕКЦИЈА, ЕУГЕНИКА И…

Тоа што сега го изјавуваат/тврдат македонските власти (особено Филипче) не е ново, што не значи дека ја намалува нивната одговорност. Уште пред десетина дена за слични мерки се зборуваше од највисокото ниво на ЕУ. Во тој контекст, Урсула фон дер Лајен, сегашна претседателка на Европската комисија (претходно министерка за одбрана/војна на Сојузна Република Германија и жена за која основано се смета дека го фалсификувала/плагирала својот докторски труд) за германски „Билд“ одлучно изјави: „Ќе м о р а што е можно подолго да се ограничи контактот со повозрасните луѓе, барем до моментот додека биде развиена вакцината за Ковид-19. Оваа популација најверојатно ќе мора да остене до одреден степен во изолација до наредната 2021 година кога се очекува вакцината да биде готова“ Изјавата на Фон дер Јајен е сосема јасна – старите лица ќе бидат во домашен притвор, односно како што самата вели во што е можно п о г о л е м а и з о л а ц и ј а, сѐ додека не се пронајде соодветна вакцина. Тоа може да биде до крајот на годинава, но може да биде и никогаш. Или, можеби, откако изолираните/притворените ќе поцркаат затворени по своите домови, како нуспродукт, кој непотребно го оптеретува пензискиот фонд, бидејќи старите и така се осудени на смрт, како од таа судбина да се ослободени другите. Додуша, некој порано, некој покасно. Во секој случај, смртта никој не ја одбегнал. Дали тоа значи дека според оваа жена (насмеана и разиграна) списокот на луѓето, кои ќе мора да бидат во домашен притвор/изолација, ќе се зголемува? Прашањето не е од формална пророда, бидејќи за овие идеи на жената, која се одзива на името Фон дер Лајен, пишуваат и други германските медиуми. Меѓу нив се „Блиц“ и „Велт.“ Според „Велт“ Европската комисија веќе имала изготвено план за спроведување на мерките. Се чакало само денот кога тој план ќе биде објавен. Меѓутоа, ќе се одело постепено, селективно. Прво требало да се изолираат тие што се наоѓаат во домовите за стари. Потоа? Потоа ќе се види. Требало трпение, објаснува Фон дер Лајен

Многу можно е, макар што не е сосема извесно, дека селекцијата на изолираните може да се прошири: сега на ред се старите, утре можат да бидат болните и изнемоштените лица, на кои и им нема спас, а кои претставуваат терет за здраството. Потоа, можат да бидат „дефектните“, па… Така започна со Евреите во Нацитичка Германија. Прво не веруваа дека сите ќе ја доживеат истата судбина. Потоа, се надеваа дека некои од нив ќе се спасат. Потоа, на ред дојдоа Евреите од другите замји, па Ромите/Zigeuner, па Словените, па… Кога сфатија дека сите се во прашање, веќе беше касно. Токму затоа, навреме треба да се преземаат мерки за да не се повтори тоа што веќе беше. П.С. По некоја случајност, токму на денешен ден (20 април 1889.), беше роден Адолф Хитлер, кој сигурно во 1944 година не ни можел да претпостави дека од него, како и од неговиот монстрозен систем/држава, само за година дена, ќе нема ништо. Уште помалку можел да го претпостави Нирнберг. Се сметал/сметале за вачни, исто како и сегашниве.

Љубомир Цуцуловски

Related posts

1 comment

DLM 21/04/2020 at 08:08

За жал доцна е, се испушти можноста да се спречи доминација на злото!
Прво злото не беше уништено туку само поразено, па неговите млади ем демоНкратски сили и надеж успеа да го оствари онаа што нивниот лидер со војна не го успеа.
Да замислете не им требаше војска и војна за да не поробат и не направат рбови и слуги тие толку добро не превоспитаа (испрограмираа) што ние самите сега одиме да ни внесат нов програмски код, затоа што не знаеме што и како да мислиме….
Да профа и ти беше во таа тнр факинг академска заедница која дозволи тие и такви вредности го окупираат просторот и воведат контрола – тотал контрола, … и така сега дојдовме до оној дел каде:::::: луѓето меѓу себе разговараат без да говорат…. и никој не се осмелува да го наруши звукот на тишината!

Disturbed – The Sound of Silence “Lyrics”
https://www.youtube.com/watch?v=usN-pKfw6Q8

…тој звук на тишината на крајот како да не обзеде сите!

Reply

Leave a Comment