Министерот за економија на Словачка, Ричард Сулик, изјави дека не може да се запре испораката на гас од Руската Федерација.
„Испораката на гас од Русија не може да се запре. Доколку се постави условот да се плаќа во рубљи, ќе платиме во рубљи“, рече Сулик.
Според него, Братислава купува околу 85 отсто од вкупниот гас од руска страна. Како што напомена министерот, потребна е диверзификација на снабдувањето со гориво, но тоа ќе трае неколку години.