Високиот офицер на ЦИА, Мајкл Д’Андреа, за кој се верува дека го организирал убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, наводно загинал во Авганистан.
Иранската новинска агенција Мехр известува дека Д’Андреа, попознат како ајатолахот Мајк, бил во американскиот авион што беше соборен од Талибанците во понеделникот, пренесува британски „Дејли њуз“.
За Д’Андреа се вели дека организирал и потрага по водачот на ал-Каеда, Осама бин Ладен.
Сепак, никој од американските официјални претставници досега не ги потврдил овие тврдења.
Д’Андреа се приклучи на ЦИА во 1979 година, со прекар „Ајатолах Мајк“ за неговите операции во Иран, Ирак и Авганистан
За него се смета дека бил задолжен за антитерористички операции, апсења, па дури и програми за тортура, а во 2017 година Њујорк Тајмс објави дека тој бил назначен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за операции во Иран.
Американски авион се урна во авганистанската провинција Гасни во понеделникот, за кој Талибанците тврдат дека го урнале и дека во него имало 83 американски војници.
1 comment
Добри сте нема што!
И што го велите “““бил задолжен за антитерористички операции,…“““ е како тоа еден човеккој е нели антитерорист, според вашиов текст, врши терористички акции?? Или сметате дека атентатот врз оној иранскиот генерал е антитерористичка операција?
Со еден збор и вие свесно-несвесно сте го влегле во мрежата и пласирате пропаганда, ако го правите тоа за пари добро барем нешто заработувате ама ако сте само уште еден “корисен ….“ кој тоа го прави од наивност е навистина урнебесно.
…