Свет

Џејкоб Кедми: Светска војна би ѝ наштетила на Русија, но Америка веќе нема да постои

Светска војна може да и нанесе огромна штета на Русија денес, но САД би престанале да постојат, смета поранешниот израелски разузнавач Џејкоб Кедми.

– Илјада години ништо не би растело на американско тло – убеден е Кедми.

Тој е сигурен дека раководството на САД нема да се откаже од политиката насочена кон конфронтација со Русија. Кедми смета дека тоа во голема мера се должи на неподготвеноста на САД да го прифатат крајот на ерата на униполарниот свет, во кој Американците го имаа местото на хегемон.

Кедми смета дека Вашингтон е свесен дека војната со Русија ќе доведе до пораз на САД, но во исто време и дека продолжува да се обидува да ја задржи светската доминација.

„Ако војната започне, тогаш Вашингтон нема да може да излезе како победник“, рече Кедми.

Џејкоб Кедми забележал дека токму Русија ги збунила САД.

Така, и покрај хистеријата за „инвазијата“ на Украина и заканата од „најстрогите санкции во историјата“, Москва сето тоа го игнорира и не отстапува од барањето за безбедносни гаранции.

Related posts

Leave a Comment