Реакциите за македонскиот документарен филм „Медена земја“ не стивнуваат. Своите впечатоци на социјалните мрежи ги сподели и познатата актерка Џејми Ли Кертис.
„Колку совршен момент за овој филм. Документарниот филм „Медена земја” е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум.”
Под објавата има повеќе коментари кои го потврдуваат нејзиниот впечаток.
„Прекрасен филм, топло го препорачувам“, „Знаев дека кога дојде другото семејство и кога го зафати нејзиниот простор, си помислив веднаш: „О, не, нејзините пчели. Оставете ја на мир“. Но, не. Многу ја сакам“, „Се вљубив во женава после првите две минути од нејзиното појавување на филмот“, „Едвај чекам да го гледам!“ , се само дел од нив.
За потсетување, документарниот филм влезе во трката за „Оскар“ во две категории: „Најдобар документарен филм“ и „Најдобар интернационален филм“.