Свет

Џонсон и Меркел го осудија апсењето на британскиот амбасадор во Техеран

Image result for johnson and merkel

Британскиот премиер Борис Xонсон и германската канцеларка Ангела Меркел го осудија апсењето на британскиот амбасадор во Техеран, сoопшти кабинетот на Џонсон.

Џонсон и Меркел разговараа по телефон, а една од темите беше да не се дозволи Иран да стекне нуклеарно оружје

Тие ја потврдија својата поддршка за зачувување на иранскиот нуклеарен договор.

Техеранската полиција кратко го приведе британскиот амбасадор во Иран Роб Мекејр за учество во антивладини протести. По краткиот притвор, тој беше пуштен на слобода.

Иранската армија случајно го собори украинскиот патнички авион на 8 јануари, недалеку од Техеран, кога загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Related posts

Leave a Comment