ЕкономијаСвет

Џонсон побара од Трамп да ги укине даноците за виски

 

Лондон – Британскиот премиер Борис Џонсон го повика Доналд Трамп да ги укине новите царински давачки за стоките, вклучително и шкотското виски, соопшти портпаролот на британската влада.

Џонсон  во телефонски повик, побара од Трамп да не наметнува нови давачки за автомобилите, пренесува Ројтерс.

„Двајцата водачи ја потврдија својата заложба за зајакнување на посебниот однос со силниот билатерален договор за слободна трговија, откако Велика Британија ја напушти ЕУ. Претседателот исто така ја истакна потребата сојузниците на НАТО силно да ја финансираат својата одбрана“, се вели во соопштението на Белата куќа.Минатиот месец САД наметнаа нови давачки од 25 проценти на шкотското виски и другите европски производи, а администрацијата на Трамп најави воведување дополнителни 25 проценти даноци за автомобилите и авто-деловите.

Related posts

Leave a Comment