Свет

АВСТРАЛИЈА ВО ЛОКАДУН: 7 градови во КАРАНТИН, затворено скоро половина од населението!

Australia is looking at the possibility of vaccine passports | Times of  India Travel

Во Австралија се воведени построги епидемиолошки мерки за да се спречи ширењето на многу заразната делта на вирусот корона , а вкупно седум градови се во карантин.

Денес е пријавен мало зголемување на новоинфицирани од 200 случаи на коронавирус.

Скоро половина од населението, повеќе од 12 милиони луѓе, добија наредба да останат во своите домови.

Локдаунот се однесува на Сиднеј, Бризбејн, Перт, Дарвин, Томсвил и Голд Коуст.

Властите апелираат до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи досега само пет проценти од 20 милиони жители примиле вакцина.

Меѓутоа, граѓаните се збунети од различните пораки од надлежните за вакцината АстраЗенека.

Премиерите на Квинсленд и Западна Австралија се спротивставија на препораката на премиерот на Австралија, Скот Морисон, за вакцинирање на лица под 40 години.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!