Проза

АВТОБИОГРАФСКИ РОМАН ,,АКАДЕМИЈА АРБАТ” НА ЈАН КУЛ (ДЕЛ ПРВИ)

Настаните кои следат се креациjа на едно време и  состоjба на дух…
  Депанданс ,, Палас ,,
  Дади го обиколуваше , питот , составен од  три покер-маси ( СП ) меѓу  јужните столбовите на казиното ,ограничено со вид на Езерото преку џамлаците , кои воедно беа и негов стаклен ѕид ,  потоа два , рулети , ( американски )  ( АР ) и три , блек џека , ( БЏ ). Jас , во очекување на краткото еспресо, свртен со грб кон шанкот набљудував како Рецепционерот Ване , во неговата класична поза – задуман шаховски велемаjстор се мисли над покерната комбинациjа и со дланката од  левата рака ги ,, меша ,, преостанатите жетони над зелената чоjа .Од , стаф-румот, ( соба за одмор на казино-дилерите ) го слушав гласот на Бане коj доминираше во напиначкиот диjалог со колегите и колешките. Славко , шефот на обезбедување во казиното , со рацете зад грб замислен чекореше со спуштен поглед ,како да ги анализира фигурите аплицирани на белгискиот теписон. Во пристапниот долг ходник беше невообичаено тивко – , еднораките бандити , одмараа и само електронски , монотони ноти се слушаа од звучниците  во нивните лимени тела. Сите околности навестуваа долго и неинтересно неделно попладне во казиното – Палас . Тоj впечаток го , бетонираше , и  растегнатиот вокал на еден од Невил Браќата во бесмртното Летно Време , акомпониран со  там-там.
Брзите чекори и избезумениот лик на Љац  коj одеднаш се поjави на прагот- меѓник меѓу ходникот и , живата игра, беа во дисхармониjа со опуштената атмосфера , штотуку наелектризирана до искрење. Во десната рака држеше секира со нова рачка ( вероjатно ,, реновирана ,, за оваа прилика ) , а левата рака држеше пластична канта коjа дишеше со здивот на нафта. Љац , застана на почетокот од , питот , расчекорен како херој од филмовите на С. Леоне и со растревожен глас се развика кон таванот , извор на халогното светло кое ги правеше очите мрзливи : ,, ИзлегвиТе  сите , ќе ве паљам ! ,, Почекаj брат , размисли !- му реплицираше обезбедувачот Славко ,држеjќи jа десната рака зад себе  на поjасницита , заради посилен сценски ефект. ,, Сеа ќе видите…,, изговори носителот на секира и нафта во канта , и се упати кон северниот дел од салата. Со полу-од а полу – трчање  стигна до масата за рулет , jа остави кантата на под и со удар на коj би му позавидел и Пол Банион – распали по масата , а таа само jа потспушти задната лева нога и се накриви како да се одмора. Кантата беше следниот реквизит. Љац истури извесно количество течност од неjзиното грло и се обиде да го претвори во оган ,со помош  препознатливото  кликање на вечниот Зипо. Алхемиjата не ги покажа очекуваните резултати ,  затоа што календарот jа поминуваше патеката на десетиот месец во 1991 година , а тоа беше време кога бензинот се точеше на неочекувани локации и во пазувите на ноќта. Можеби , налутениот протагонист , коj неколку дена претходно не и беше омилениот човек на божицата Фортуна , па во равенката  , количество долари – единица време , не доби никаков остаток. Тоа игнорирање на божицата кон усилбите кои ги твори играчот- рулеташ беше разорно за вториот. Но , боговите обично не ги обjаснуваат своите постапки , па така, сета jарост и омраза играчот-рулеташ jа носочи кон храмот на комарот.
  Откако непослушниот пламен упорно одбиваше  да проработи , вентилациjата му даде поддршка на неговиот егрегор и густ чад почна да jа полни внатрешноста на казиното. Потпалувачот подигна , поден пепелотресник , и го фрли кон џамлаците , со намера ( очигледна ) да излезе од задуманетата просториjа. Но и тоj зафат не излезе успешен. Пепелотресникот отскокна од дебелото , калено стакло, и меко се притеписони на подот , лепен од маjсторот на синтелонот – Номче. Со палтото подигнато на устата  наместо маска , Љац истрча од салата луто изговараjќи еротски желби во адреса на вработените , како тие да беа виновни за неговиот пораз од неумоливата госпоѓа Математика.
После некое време , експедитивни според охридски норми , гласно пристигна противрожарната бригада и тоа што потпалувачот на успеа да го стори со пепелотресникот како алатка , им успеа на пожарникарите и нивните секири. Кога чадот , исплашен од силниот провев , коj што зацарува во безаштитната , настрадана во  претходното насилство сала , избега , а потоците вода се сливаа низ ходникот носеjќи ги со себе одразите на лицата од забезекнатиот технички персонал , се поjави директорот Беље со свежо запалена цигара во долниот лев агол како што тоа го милуваше Џеjмс Дин . Педантната фризура под коjа светеше свежо избричено лице , уредниот костум , jа покажуваше брзината со коjа тоj се довезе во казиното  под негова управува. Со доза не верување од постапката сторена претходно , директорот испитувачки гледаше наоколу , оценуваjќи jа материjалната штета .
,, Го… запали , а ?
,, Го запали, да .- беше содржината на  разговорот воден со главниот обезбедувач.
Казиното не работеше , и никоj жив не можеше да процени кога повторно ќе проработи. Останаа  еднораките во ,, машинскиот дел ,, и тоа беше моето следно работно место  каде што можеше да се добие каква-таква заработувачка. Првородениот син Кирил , веќе не израдува со неговото присуство во средината на десетиот месец , и никакви закани со фрлање бомби во ходникот со слот- машините не можеа да бидат посилни од одговорноста кон семеjството. Тоа беа денови во кои гледав луѓе кои разговараат со бездушните машини , им се додворуваат и им ветуваат   вечна верност  . Таму Жан го подели легендарниот ( во комарџиските кругови ) прстен од Четири Камења за да го сполти гладот на еднораките бештии, а Кусоно ги имаше наjдобрите фрлања во вечниот барбут. Славе Бунда ги загуби сите пари зашпарани од долгогодишната работа во шведската фармацевтска индустриjа. Не, не беше ,, апотекар ,, , Славе беше субjект ( еден од многуте ) на кого ,, апотекарите,, ги тестираа своите нови препарати кои лечат зукем , или некое друго заболување ,ама како непосакуван ефект провоцираат – пролив , или некоаj друга не помалку приjатна реакциjа.
За тоа групно транжирање на заштедата од Бунда , Тане ќе jа изрече антологиската мисла  : ,, Колевме теле , а мене ми припадна опашката,,. Докторот ,  во тоа казино за една вечер се поднови со Порше , а веќе утрото картите избраа друг миленик и Докторот остана без аутото и пократок за 15.000 германски марки. Селскиот , во партиjа на, БЏ , кога Камбовски му предложи да влече карта на 18 за да си ги осигура своите  три влогови од по 1.000 американски долари на последните три , бокса ,, го погледна коцкесто и му врати : ,, Бев Jас  професоре , кичевскиот БЏ е таков ,,. И од тогаш ,, Бев Jас ,, е синоним за ненаседнување , а епитепот ,,кичевски ,, го краси секоj неоригинален , неавтохтон производ или човек.
Во меѓувреме , нашето младо семеjство започна да живее , со сесрдна помош од родителите на моjата сопруга , во дом каj  Бараките ( без надоместок )  сопственост на близок родина од Дара , сопругата на Штица . Неодамна беа стапиле во брак и беа дел од , посадата, на казино- Палас . Деновите поминуваа а броjот  љубители на електронски комар во опасни услови  стануваше помал , а гнетот на материjалното општество изразено преку количество пари во паричникот – посилен ,  се решив на чекор својствен на очаен човек.
    Во претходното казино Десарет ( Американ Палас Касино ) , сопственост на ( како што самите раскажуваа ) адвокати ( едни од многуте ) на иконата во казино- индустриjата , сопственикот на новиот , елегантен хотел- казино Таџ Махал , Доналд Трамп , коj ги подигна стандардите во таа индустриjа и ги примора конкурентите во Атлантик Сити и Лас Вегас  да градат : поголеми , поскапи , со подобар сервис за посетителите – хотели, запознав пар од Англиjа кои што по договор работеа во Десарет. Крис и Анџела , беа врвни професионалци , кои уживаа во заедничката дружба и ми го раскажаа светот во коj што бев почетник и аутсаjдер . Зборуваа за местата во кои работеле , еквивалентната сума пари коjа jа добивале во замена на трудот , можноста да се патува и да се работи -живее на раjски острови. При секое следно дружење добивав гратис лекции од непишаните закони во казината , идентични на глобално ниво. Но , при секоj разговор , случаjно или само како одраз на реалноста , стрчеше фактот за превасходноста на британскиот менаџмент во било коjа точка на Земjата. Бритите управуваат – останатите раздаваат карти и вртат топчина од слонова коска на рулетите, додека артритисот не ги спречи. Како што животот покажа , тоа била догма  коjа  вечните дилери ( крупиеа ) jа разбрале како аксиома.   Од своја страна , алаверди , им помогнав да изнаjмат дом во Лагадин , им ги покажував убавините на Охрид и Македониjа , ги запознав со акумулираното македонско Сонце во македонските супер-природни алкохолни напитоци и пивото како од нивните мечти. Тие , како почитувачи на Дионис и Бахус се насладуваа во ,библиски размери, со македонското сонце во течна состоjба. Многу лирика беше изговорена притоа. Дури и Пеглата ( донесена од Белград со Џими ) им jа позаjмив за иснос од 2.300 фунти. Со истата Пегла , подоцна ги возев до охридскиот аеродром при напуштањето на Македониjа, кога заради штотуку започнатата воjна во државата на Jужните Словени , А.П.К. се повлече од бизнисот во Jугославиjа.
 Мислата – предлог за  нивна препорака во глобалниот казино свет , jа запре во од , поканата од органите за безбедност. При напуштање на касарните , JНА , остави празни згради кои требаше да се наполнат со резервисти од сите родови. Во полувоени услови , таму бевме стационирани од Март до Октомври 1992.Униформите никогаш не биле моj фетиш , но  полицискиот капетан , изjави : ,, Македониjа е во опасност ,,- и тоа беше доволен аргумент за долгите обуки на кои бевме подложени. Повторно , покерот , ми помогна да останам одвоен  од сивилото на касарната . Се покажа дека моите колеги- полицаjци , исто така , се љубители на таа стратегиска игра за возрасни. И ,шушкавите аргументи, говореа во полза на покерот.  Така го скратувавме времето , премногу млади за да знаеме – тоа е единството неповратно нешто во нашите животи. Таму ги дочекавме и свежо донесените македонски банкноти  од (чинам ) Франциjа , и нивни примероци  веднаш  пуштивме во опток на ,зелената маса ,.
  Кога  според нечиjа проценка , Македониjа престана да биде во опасност , заминав дома. Марките , доларите , по некое чудо , останати од двогодишната работ во Десарет и Палас , за жал во ограничена мера , продолжиjа да ,, испаруваат ,, од домашните залихи .
Кон краjот на Окомври ,  окуражен во разговор со Штица  решив сепак да му се jавам на Крис , да се обидам да предизвикам човечко и професионално сочувство , и препорака се разбира. Остана само да смислам од каде да го реализирам телефонскиот повик во Бирмингем. За младите читатели , кои не паметат време кога телефонскиот разговор во странство беше скапо задоволсто , а Вибер и Скаjп на беа родени , исто како и интернет , морам да кажам дека ова беше сериозен и решавачки  момент. Но , повторно ситуациjата jа спаси провидението преку Штица. Предложи да се jавиме од домот на ( повторно ) нивни роднини кои живеат во друга држава , а тие ќе го одобрат разговорот за нивна сметка. Му поблагодарив на Штица  за широкиот гест , и после неколку дена  , избрав идеален таjминг – кога не е ни рано , ниту доцна за да го побарам англискиот колега .
Наредната Недела , во 19.00 часот , беше времето одредено за разговор. Седнат на тросед , со црвена телефонска слушалка на коjа имаше типки со броеви и телефонски знаци и долг проводник ( речиси мобилен телафон), ги притискав броевите од картичката дадени од Крис пред нивното со Анџела  заминување.
Ѕвонењето на другата страна од Ла Манш го восприемав ужасно долго , како што е долг моментот кога со гола рака случаjно допираш до усвитена рингла на старо решо. И уште со задоцнување и ехо .
– Трррингггг… тррринггг… тррринггг… ,, Халоууу,, – го слушнав гласот на Крис. ,, Хаjjj Крис ,, изустив cо препарирана насмевка. ,, Оууу Хаj Jан Кул,, – весело врати Англичанецот.
Loading...

Related posts

Leave a Comment