Регион

“Албанија е во состојба на лудило”

Тирана – Поранешниот албански министер за надворешни работи и универзитетски професор Бесник Мустафај оцени дека Албанија е во состојба на “лудило и анти-уставност”.

 

 

 

Тој смета дека албанската економија “тоне” во криза и дека тоа го потврдиле од Институтот за статистика – ИНСТАТ, пренесува порталот А1 он.

“Државата падна, власта е на колена, ситуацијата во земјата е антисистемска, нашата економија е уништена, како што потврди ИНСТАТ, кога економијата не функционира,и нема владеењето на правото, тогаш каква е ситуацијата? рече Мустафај.

Коментирајќи во врска со локалните избори во Албанија одржани на 30 јуни, на кој не учествуваше албанската опозиција, рече дека нискиот одѕив од само 21,6 проценти, е јасна порака до премиерот Еди Рама,и дека  владата предводена од него нема легитимитет.

Тој истакна дека Албанија е во услови кога опозицијата може да води политика само на улица и дека нејзиното делување треба да се подобри и да се прилагоди на актуелната ситуација кога мнозинството на локалните избори се спротивстави на властите.

“Единствен простор кој и остана на опозицијата за креирање политика се протестите. Власта се делегитимизира по изборните резултати. Оваа власт покажа дека е подготвена да се краде сама себе. Опозицијата постигна победа и тоа мора да се капитализира политички”, рече Мустафај.

Поранешниот шеф на албанската дипломатија истакна дека опозицијата треба да се подготви за  следните избори и дека протестите се единствениот начин на делување, затоа што во моментов не гледа друго решение.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!