Анализа

Александар Дугин : Контурите на Пост-Глобалниот Поредок и Неговата Неизбежност

Контурите на Пост-Глобалниот Поредок и Неговата Неизбежност

Политичкиот научник, стратег и идеолог, со Чеховски изглед, познат како идеолошки татко на Путин или “Мозок на Путин”, подржувач на Македонија, е исто така социолог на високо престижниот Московски Државен Универзитет, плоден писател, советник на клучните политички и воени личности и артикулатор на Руската национална филозофија која е одобрена и прифатена како своја од страна на Кремљ. Во овој напис Дугин ги оцртува контурите на единствено-можниот нов светски поредок по распадот на сегашниот униполарен свет и економија:

Dugin Gnostic

Кризата, коjа jа доживува човештвото предизвикана од пандемиjа на короновирусот, веќе добива глобални димензии и секое враќање  во состоjба пред почеток на епидемиjата, едноставно е невозможна.

Доколку во сила на некои околности распространувањето на вирусот не се запре радикално во следните месец и половина – два месеци, тогаш сите тековни  процеси ќе добиjат неповратен карактер и во еден момент светскиот систем  кој што го познаваме  – ќе се сруши. Историjата памети слични периоди кои биле пропратени со глобални катастрофи и вонредни состоjби.

Ако погледнеме во иднина од,позициjата во коjа се наоѓаме, при сета неизвесност и отвореност, може да се прегледаат неколку наjвероjатни сценарија или определени моменти.

  1. Глобализациjата се урна дефинитивно , брзо и неповратно. Таа од поодамна даваше знаци на криза, но епидемиjата едноставно ги разнесе неjзините  основни аксиоми: отворени граници , општествена солидарност , ефикасноста на актуелните економски институти и компетентноста на управувачките елити во судирот со короновирусот. Глобализациjата падна како идеологиjа ( либерализам ), економиjа ( глобална мрежа ), политика ( лидерство на западните елити ).
  2. На остатоците од глобализациjата ќе се создава новата архитектура на постглобалистичкиот ( постлиберален ) свет.

Што поскоро го прифатиме таквото скршнување , толку ќе бидеме поспремни, да се соочиме со новите предизвици. Ова е споредливо со последните денови на СССР: огромното мнозинство од управувачката класа се откажа дури и да размислува за можен преод кон нов модел на држава, управување и идеологиjа и само мал дел од нив, го разбра фаталниот карактер на кризата и беше подготвен да примени алтернативен модел. Но, во услови на двополарен свет, при крах на едниот пол остануваше вториот. И решението се состоеше во: признавање на неговата победа, копирање на неговите институти и приклучок кон неговите  структури. Тоа всушност и jа овозможи глобализациjата во 90-тите години на минатиот век, и еднополарниот свет коj притоа се поjави.

Денес, се руши имено таа еднополарност, коjа што – покраj сите обиди да jа сочува независноста и освои наjдобри услови – беше признаена ( во сферите на идеологиjа , економиjа и политички систем ) од крупните светски играчи – вклучително Кина , Русиjа и сите останати. Последователно , управувачките елити се соочени со посложен проблем: изборот меѓу – рушејќи се во амбис актуелниот модел и потполна неизвесност, во коjа што ништо не може да истапи како пример , или сигурен рецепт за изградба на иднината. Можеме да претпоставиме, колку очаjно – уште поочаjно отколку во доцната советска епоха, при советската номенклатура  –  управувачката елита ќе се држи за глобализмот и неговите структури  иако очигледен е крахот на сите негови механизми и инструменти, институции и структури.

Затоа, броjот на тие кои ќе можат повеќе или помалку слободно да се ориентираат во зголемениот хаос, ќе биде мал и во самите елити. Тешко е да се претпостави  како ќе се градат односите меѓу глобалистите и постглобалистите, но веќе сега постои, можност во главни црти да се предвиди постглобалистичката реалност.

  1. На прв план се наоѓа затворено општество, наместо отворено општество. Суверенитетот станува наjвисока и апсолутна вредност. Како богатство се обjавува спасување и животна подршка на конкретен народ во границите на конкретна држава. Власта ќе биде легитимна само доколку е способна да jа исполни таа задача: во почетокот да ги спаси луѓето во услови на пандемиjа и катастрофалните процеси кои произлегуваат од неа, за потоа да организира политичко- економска и идеолошка структура , кои што ќе овозможат да се одбранат интересите на затвореното општество пред туѓите интереси. Тоа воопшто не значи војна на сите против секого, но затоа на прво место го определува апсолутниот приоритет на таа земја и тој народ – пред сите останати. И никакви други идеолошки размислувања не смеат да го засенат овој принцип.
  2. Затвореното општество треба да биде автаркино (автаркиjа- Економска политика на една земjа што настоjува да го осамостои стопанството и да го направи независно во однос на други земjи ). Ова значи, општеството мора да биде самодоволно и независно од надворешните добавувачи во однос на храна, индустриско производство, монотарниот и финансиски системи и воената сила. Овие ќе бидат приоритетите, наjблиска иднина , во услови на борба со епидемиjата, кога државите принудно се затвараат, ( дел се веќе затворени ), но во постглобалниот свет таквата состоjба ќе биде перманентна. Ако глобалистите го разгледуваат затварањето како времена мерка , постглобалистите мораат да се спремаат кон тоа , оваа мерка да се претвори во стратегиски приоритет.
  3. Самостоjноста во однос на животна поддршка, ресурси, економиjа и политиките, мора да е во спрега со ефективната надворешна политика, каде на прв план е, стратегиjа на алиjансата. Наjважно е земjата да има доволен броj на стратегиски и геополитички важни соjузници, заедно составуваjќи потенциjален блок, способен да им обезбеди  на соjузниците, ефикасно спротивставување и сигурна заштита од вероjатната на надворешна агресиjа. Ова, исто така се однесува во економските и финансиските комуникации, рашируваjќи го обемот на достапни пазари, но не глобално, туку во регионална рамка.
  4. За обезбедување суверенитет и автаркиjа ,важно е да се воспостави контрола во тие зони ( реони ), кои што се од животно значење за секоjа суверена земjа. Ова определените интеграциски процеси ги претвара во геополитички императив. Постоењето во загрозувачка близина на националната териториjа ( потенциjално или актуелно ), неприjателски енклави jа разнесува одбрамбената способност и безопасност. Затоа , уште во услови на борба со епидемиjата , мора да биде определен и зацртан некаков  модел на идни интеграции.
  5. Постглобалниот свет може да се претстави во вид на неколку крупни центри и ред второстепени. Секоj крупен центар треба да одговара на потребите на автаркиjата. Тоj треба да биде сличен на традиционалните Империи.

Тоа значи:

– заеднички вертикален систем на тврдо управување ( во случаj на криза со диктаторски полномоштва за високата власт );
– полна одговорност на државата и неговите институти за животот и здравjето на граѓаните;
– полна одговорност на државата за снабдување на населението со храна во услови на затворени граници , што подразбира развиено селско ( земjоделско ) стопанство;
– воведување монетарен суверенитет врзан со национална валута ,но не со светскиот резервен систем, а со злато или покриеност на производ (т.е.показатели од реалната националн аекономиjа);
– обезбедување високо темпо во развоj на националната индустриjа , доволно за ефективна конкурентност со другите затворени општества ( што не ислучува соработка, но само во случаи , кога од неа не страда принципот на независност и индустриска  автаркиjа );
– создавање на ефикасна воена индустриjа и неопходната за таа намена научна и производна инфрастуктура;
– контрола и одржување на сообраќаjниот и комуникациски систем, како гарант за поврзаност на одделните делови од државата .

Очигледно за реализациjа на такви вонредни задачи потребни се:

– совршено нова политичка елита ( постглобалистичка политичка класа ) и

-соодветно на тоа потребна е  совршено нова државна идеологиjа ( либерализмот и глобализмот дефинитивно  не одговараат за оваа улога  ).

Новата политичка класа треба да се регрутира од управувачката структура и професионалците вработени во воено – безбедностните институции.

Идеологиjата треба да jа одразува историско – културолошките и религиозни специфики на конкретното општество , и да има футуролошка ориентациjа- како проекциjа на цивилизацискиот идентитет во иднината.

Неопходно е да се одбележи, низ слични процеси  ќе поминат практично сите современи држави и државни соjузи, и тие, што беа потполно потопени во глобализациjата, и тие што се трудеа да jа избегнат на безбедно растоjание.

Во врска со тоа возможно е, сличните процеси да ги етаблираат САД како едни од наjважните светски играчи , кои во исто време ќе jа променат и нивната суштина – од тврдина на глобализациjата во моќна сојузна држава кој ги застапува само сопствените интереси како автаркиска светска држава. Предусловите за таква трансформација веќе се вградени во политичката  програма на претседателот Доналд Трaмп, а во услови на борба со пандемиjата и вонредната состојба добиваат уште поjасни контури.

По тој пат – сеуште во услови на вонредна состоjба – подготвени се да се насочат и некои европски држави – денес Франциjа и Германиjа. Бидеjќи кризата се продлабочува и одолговлекува, овие процеси се повеќе ќе се приближуваат до примерите од општата шема што jа опишавме.

Кина е релативно подготвена кон слично идеолошко и политичко скршнување , како  тврда централизирана држава, со силно изразена вертикала на власт. Кина губи многу со крахот на глобализациjата, коjа што успеа да jа постава во служба на националните интереси, но во целост секогаш се потпираше на автаркиjата, коjа не jа запостави ниту во периодите на максимална отвореност кон Светот.

Постоjата предуслови за слична постглобалистичка еволуциjа во Иран, Пакистан и делумно во Турциjа, кои што можат да прераснат во нови лидери во исламскиот свет.

Индиjа, со брзо заживување на националниот идентитет , во услови на пандемиjа, започна активно да jа  обновува комуникациjата со приjателските земjи од регионот , и се подготвува за новите процеси.

Русиjа исто така поседува ред позитивни моменти во дадените почетни услови :

– политиката на Путин во последните две десетолетиjа  има цел – засилување на суверенитетот;

– присуство на сериозен воен потенциjал;

– историски случаи на целосна или релативна автаркиjа;

– традиции на идеолошка и политичка независност;

– силен национален и религиозен идентитет;

– признавање од мнозинството за легитимноста на централистичкиот и патерналистичкиот модел на управување.

Сепак, актуелната управувачка елита, формирана во доцниот советски период и пост советското време , апсолутно не соодветствува на предизвикот на времето, всушност претставува наследничка на дво-поларниот и едно-поларниот( глобалистички свет) и начинот на размислување од тие периоди. Економски, финансиски, идеолошки, технолошки, Русиjа е премногу тесно поврзана со глобалистичката структура, што допринесува кон неjзината неготовност за ефективна борба со епидемиjата – во тоj случаj, ако таа од краткорочна вонредна состоjба се претвори во создавање на ново – и неповратно постглобалистички – светски поредок.

Оваа елита е согласна со либералната идеологиjа и своjата деjност,помалку или повеќе,jа темели на транс-националните структури – продажба на природните ресурси,делокализациjа на индустриjата, зависност од странски стоки и прехрамбени продукти, инволвираност во светската финансиска структура преку признавање на доларот како резервна валута и т.д. Ниту по своите навики, ниту по своjот светоглед, ниту по своjата политичка и административна култура, оваа елита не е способна за преод во нова состоjба.

Впрочем, во ваква или слична положба се наоѓаат наjголем броj земjи, каде што глобализациjата и либерализмот се сметаа за нерушливи и апсолутни догми. И во тоj случаj, Русиjа има можност да ги промени нештата, да ги доведе  државата и општеството во готовност за стапување во, новиот постглобалистички поредок.

Александар Дугин

Превод и обработка – Зоран Курљан

Loading...

Related posts

Leave a Comment