ФБ Статуси

Александар Здравковски : Бидејќи Мерцедесот на Грујо го гребеа мачки и не се продава, не може да се набават нови амбулантни возила, па може да си починеме по пат или додека чекаме Итна помош во самоизолација

Фотографија на Александар Здравковски.

 

– Бидејќи имаме владини функционери кои ги плаќаме, неспособни да се заштитат ни самите себе.
– Бидејќи ќе го колабираме системот кој уредно го плаќаме секој месец од својата бруто плата, баш кога евентуално ќе ни затреба да добиеме услуга од тој систем.
– Бидејќи членови на Комисиите што предлагаат и спроведуваат мерки, се партиски подобни експерти за лапање паушали, со тешки респираторни заболувања – Им дише главата.
– Бидејќи владата истури 50 милиони евра, во кампања ЗА да си го промениме името на државата, историјата и идентитетот, па не остана за новиот клинички центар.
– Бидејќи поголемиот дел од народот не излезе на абортираниот референдум, нема #БесплатниЗдравствениУслугиВоЦелаЕУ.
– Бидејќи референдумот беше абортиран, дополнително го оптеретивме системот, со уште најмалку 50 милиона евра за корупција на пратеници, “во процесот” на промена на наведеното во претходната точка, па не остана ни за опрема во стариот клинички центар.
– Бидејќи Мерцедесот на Грујо го гребеа мачки и не се продава, не може да се набават нови амбулантни возила, па може да си починеме по пат или додека чекаме Итна помош во самоизолација, од обозност.
– Бидејќи бројчаникот ни го продадоа расипан и никогаш не проработе, нема плата од 100.000 денари за лекарите, истите си фатија усвет и сега лечат пациенти во Германија.
– Бидејќи парите од криминалците ги собраа Боки и Катица.
– Бидејќи најозлогласениот криминалец во историјата на комуњарското опозициско дејствување, си направи коалиција со власта, наместо да врати една милијарда евра.
– Бидејќи времето на братучедите е заменето со време на браќата.
– Бидејќи Се е исто, само њега нема.
– Бидејќи вака можам до задутре, а најмогу од се: БИДЕЈЌИ СЕДЕВМЕ ДОМА 30 ГОДИНИ. Бидејќи седевме дома додека не лажеа, не крадеа, ни го погазуваа достоинството и честа, кретени со државно-партиски функции, сега си седиме дома во куќен притвор, во двата најубави, #сончеви, пролетни викенди во годината, за најголемиот Христијански празник се чукамо и ударамо са јајцама од екранот на телефонот, палиме свеќи он-лајн, и се молиме на Бога да не избави од кретени. Кај и да е Германија ќе искочи со некои мерки, а можеби и некој паметен чичко ќе измисли лек. Среќен Велигден! Христос Воскресна!

#ДостаЕ
#ВремеЕ
#Кубурот
#НеСедиДома

Loading...

Related posts

Leave a Comment