Дипломатија

Амбасада на Русија: Протерувањето дипломати е чин на непријателство кое ќе има сериозни последици врз односите на двете земји

Коментар на руската амбасада во врска со прогласувањето на шестмина дипломати на Амбасадата „personae non grataе“ 

Без да се најави реакцијата на руската страна на овој непријателски чекор, истакнуваме дека неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија.

Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани. Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.

Се разбира, руската страна ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата „ personae non grataе “ на 28 март годинава.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!