По повод големиот Македонски празник, Свети Климент Охриски, со честитки до Македонскиот народ, се огласи амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици!, се вели во честитката.
Со денешната честитка, продолжува редовната пракса од страна на Руската Амбасада која ги пренесува ставовите на официјална Москва, да ги поздравува и честита сите позначајни Македонски национални празници, при тоа, секогаш суверениот народ во нашата држава да го титулира со Македонски Народ, што не е пракса на поголемиот дел на западните држави и нивните дипломатски преставништва во Република Македонија.