Македонија

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија:На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски

По повод големиот Македонски празник, Свети Климент Охриски, со честитки до Македонскиот народ, се огласи амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – Денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици!, се вели во честитката.
Со денешната честитка, продолжува редовната пракса од страна на Руската Амбасада која ги пренесува ставовите на официјална Москва, да ги поздравува и честита сите позначајни Македонски национални празници, при тоа, секогаш суверениот народ во нашата држава да го титулира со Македонски Народ, што не е пракса на поголемиот дел на западните држави и нивните дипломатски преставништва во Република Македонија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!