Амбасата на САД излезе со соопштение за аферата Рекет.Во нивното соопштение тие го изразуваат својот став околу донесувањето закон за обвинителство и за текот на постапката околу осомничените во аферата Рекет.Во соопштението се вели :
Американската амбасада ја поддржува одлуката на Обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.
„Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен“, е ставот на Амбасадата по апсењето на Катица Јанева.
Нејзиното приведување пак предизвика домино ефект. Одбраната на обвинетите во случајот „Титаник“ за изборни манипулации, еден од клучните на СЈО, денеска побара прекин на постапките.
Аргумент што го користат адвокатите е фактот дека шефицата на СЈО е осомничена во скандалот „Рекет“.
Со овој потег дополнително се комплицира ситуацијата во која се наоѓа Специјалното обвинителство, и се зголемува притисокот за брзо носење на законот за Јавно обвинителство, со кој ќе се дефинира идната позиција на СЈО.
„Ова е причината зошто е решавачки да се донесе закон за Јавното обвинителство, како дел од поголемите напори за градење и зајакнување на трајни институции засновани на владеење на правото. Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа“, соопштуваат од Амбасадата на САД. И владејачката СДСМ пак повика на носење на законот.