Актуелно

Брука: Македонија не ја поддржа Резолуцијата во ОН против глорификација на нацизмот

 

Генералното собрание на ОН го усвои рускиот предлог за Резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот, но годинава „против“ гласаа не само САД и Украина, туку резолуцијата не ја поддржаа ниту Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Грузија, Унгарија и земјите од Балтикот. И Македонија на гласањето во Генералното собрание на ОН не ја поддржа руската резолуција и гласаше „против“. Земјите кои не ја поддржаа резолуцијата тврдат дека Москва наводно „ја искористува темата“ за борба против неонацизмот со цел да ја спроведува својата воена интервенција во Украина.

 

Третиот комитет на Генералното собрание на ОН во саботата ја усвои руската нацрт-резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот. 106 земји гласаа „за“ документот насловен „Борбата против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и други видови практики кои придонесуваат за ескалација на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“, 52 беа „против“, додека 15 „воздржани“. Македонија на гласањето во Генералното собрание на ОН не ја поддржа руската резолуција и гласаше „против“.

Меѓутоа, годинава „против“ гласаа не само САД и Украина, како што гласаа и минатата 2021 година, туку резолуцијата не ја поддржаа ниту Германија, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Грузија, Унгарија и земјите од Балтикот, сите американски сојузници кои воено го поддржуваат Киев во војната против Русија. Според нив, Москва наводно „ја искористува темата“ за борба против неонацизмот со цел да ја спроведува својата воена интервенција во Украина.

Резолуцијата им препорачува на земјите да преземат соодветни конкретни мерки, „вклучително и во законодавната област, но и во образованието“, за да се спречи ревизијата на историјата, како и „негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“. Предлагач на Резолуцијата беше Руската Федерација.

Гласањето на одредени западни земји во Генералното собрание на ОН против руската резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот е политичко лицемерство, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, и додаде дека само неморалните луѓе можат да ја доведат во прашање суштината на резолуцијата.

Таа потсети дека минатата година, според истиот текст на нацрт-резолуцијата во Генералното собрание на ОН за борба против глорификацијата на нацизмот, земјите од ЕУ се воздржаа од гласање. Захарова нагласи дека оваа година западните земји гласаа против и оние кои го поддржуваа фашизмот во 20 век и оние кои страдаа од него и речиси исчезнаа. Според неа, ова е политичко лицемерство, пренесува „Спутник“.

Захарова рече и дека обидите за политизација фрлаат сенка на усвојувањето на нацрт-резолуцијата оваа година. „Усвојувањето на ваков важен документ се случи во сенка на обидите за отворена политизација и напорите да се натераат западните земји да се пресметаат со Русија за украинската криза“, рече таа.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи додаде  дека сепак, резултатите од гласањето јасно ја покажаа континуираната поддршка на меѓународната заедница, која секоја година се изразува во Генералното собрание на ОН, според традиционалната руска иницијатива.

„Убедени сме дека усвојувањето на оваа резолуција во голема мера ќе придонесе за искоренување на расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата и нетолеранцијата“, заклучи Захарова.

Претходно, заменик-директорот на Одделот за хуманитарна соработка и човекови права на Министерството за надворешни работи на Русија, Григориј Лукјанцев, изјави дека Италија, Австрија и Германија првпат во историјата гласале против руската резолуција.

 

 

Related posts

Leave a Comment