Свет

Американската сенаторка Елизабет Ворен е позитивна на коронавирус, примила и бустер

EPA-EFE / KEVIN DIETSCH / БАЗЕН

Вашингтон – Американската сенаторка Елизабет Ворен во неделата изјави дека била позитивна на тестот за коронавирус и дека има благи симптоми на инфекција.

Сенаторката од Демократската партија од Масачусетс (72) на Твитер изјавила дека е вакцинирана против коронавирус и дека примила бустер доза.

Ворен нагласи дека редовно се тестира за Ковид 19.

Ворен беше една од противниците на Џозеф Бајден во трката за номинација за претседател на САД на внатрепартиските избори во Демократската партија.

Ворен подоцна се повлече од трката и го поддржа Бајден за кандидат на Демократската партија за претседател на САД.

Related posts

Leave a Comment