МузикаСвет

ШОК: ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНАТА СУПЕР ЅВЕЗДА НА ГРУПАТА ИЛ ДИВО, ПОЧИНА ОД КОМА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД

Шпанскиот пејач Карлос Марин, на нашата публика познат како член на групата „Ил Диво“, почина во болница од последиците на корона вирусот иако беше целосно имунизиран со сите потребни дози на вакцини против ковид.

На Марин му бил дијагностициран Ковид-19 на 7 декември, а следниот ден бил хоспитализиран, а неколку дена подоцна бил ставен во медицински индуцирана кома во Кралската болница во Манчестер.Неколку недели пред тоа, Марин ја прими бустер дозата Фајзер.

53-годишниот Шпанец бил хоспитализиран на одделот за интензивна нега, а бил интубиран откако му бил даден кислород.

Смртта на познатиот пејач ја потврди групата „Ил Диво“ на Твитер: „Со скршено срце ве известуваме дека почина нашиот пријател и партнер Карлос Марин. Ќе им недостасува на пријателите, семејството и обожавателите. Никогаш нема да има глас или дух каков што имаше Карлос“.

– 17 години четворица сме заедно на ова неверојатно патување со „Ил Дива“ и ќе ни недостига нашиот драг пријател. Се молиме за него и се надеваме дека неговата прекрасна душа почива во мир – додадоа другите членови на бендот – Дејвид, Себастијан и Урс.

Марин го одржа својот последен концерт со „Ил дива“ во Бату само два дена пред да заврши во болница, на 6 декември, а на почетокот на месецот воодушевено зборуваше за следните настапи.Инаку, пејачот е дел од оваа хит-група од нејзиното основање во 2003 година, а „Ил Диво“, кои важат за пионери на оперската поп музика, имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми ширум светот.

Related posts

Leave a Comment