Свет

Американскиот министер за одбрана му го заврти грбот на Трамп ?(ВИДЕО)

U.S. Defense Secretary Mark Esper visits Iraq amid pullout from ...

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изјави дека не го поддржува распоредувањето на армијата со цел да се стави крај на протестите што траат веќе осум дена поради смртта на Џорџ Флојд.

„Јас не го поддржувам повикот на законот за бунт“, рече Еспер, говорејќи во Пентагон, пренесува Би-Би-Си. Тој посочи дека можноста за употреба на армијата заради спроведување на законот треба да се користи само како последно средство, и тоа само во итни и најтешки ситуации.

„Ние не сме во една од тие ситуации сега“, рече Еспер.Тој го нарече убиството на Џорџ Флојд ужасно злосторство. Американскиот претседател Доналд Трамп најави испраќање на армијата на улиците доколку гувернерите и градоначалниците не преземат мерки за нормализирање на ситуацијата.

Loading...

Related posts

Leave a Comment