Колумни

АМЕРИКАНСКИОТ СТОУНХЕНЏ

 Сцена прва :
 Во непосредна близина  од градот Елдриџ ,  американската соjузна држава Џорџија, во 1979 подигнат е споменик составен од шест гранитни монолити , со висина од шест метри и заедничка тежина од 120 тони. Градежната фирма ,, Елбертон ,, дала согласност за реализациjа  на тоj монумент , но за цена осум пати повисока од пазарната . Тоа воопшто не го оконфузило нарачателот , мистериозниот Роберт Христиjан.  На споменикот  испишани се десет заповеди , преведени на осум светски jазици.
Првата заповед гласи :
– Да не се дозволи поголема популациjа од 500.000 луѓе на Земjата заради одржување на природниот баланс во Природата. Глобална контрола над прирастот на светско население .,, Владетелите,, решиле дека ова количество луѓе се доволни за извршување на работните задачи , без излишно трошење на природните ресурси кои ,,владетелите ,, ги сметаат за нивна лична сопственост. И контрола над размножувањето преку ГМО технологии , стимулациjа на хомосексуализмот , пандемии , воjни и нови – инвентивни начини за уништување на човештвото. Наjновиот , носи кодно име Г5.
Потоа , следните заповеди се декларираните планови на ултра-либералните турбокапиталисти; една влада , една религиjа , еден jазик… Унификациjа на човештвото , како во сивите , холивудските анти – утопии. Обид за такво обезличување почувствувавме ние- Македонците  а нашата родина- Република Македониjа , заради извесни историски случувања , беше одбрана за пилот-проект.
Сцена втора :
Единствена полза од скапото околусветно патување на Ч. Дарвин имаа неговите финансиери – евгенистите . Нивната желба за ,супер човек , се повампири во нацистичкиот сон за ,супер нациjа , и беше наплатена со над 40 милиони жртви ( од кои 30-тина беа советски ) при обидот за освоjување на Светот. Дарвин ги постави темелите и на контроверзната , но од езотеричен аспект логична , теориjа – телегониjа , според коjа првиот сексуален партнер остава , потпис , на сите jаjце клетки каj идната маjка. Тоа , што како дарвиновска оставштина го учеле , учевме и се надевам нема да го учат следните поколениjа , до денешен ден не може да го лоцира заедничкиот предок на човекот и маjмунот. Уште еден голем мислител , излажен од сjаjот на хазарското злато , К. Маркс не убедува дека : – Трудот го создал човека. Нему му се спротивстави научникот , кому му беа отворени портите од ноосферата – космичкото информативно поле , Н. Тесла .,, Сакам да му подарам на човекот бесплатна енергиjа , така , ќе го ослободам човештвото од теророт на трудот,,- му напиша во едно писмо на српскиот ген.конзул во Њу Jорк , научникот роден во Богумила , Македониjа . Неговите радио-технологии ги користиме сите .
Кога , силните на оваа планета , не успеаjа да го купат неговиот интегритет , решиjа да го егзекутираат во хотелот на неговиот приjател Астор.
Неговото место го зазеде физичарот А. Аjнштаjн , а тоj го насочи вниманието на науката кон космичките закони недокучиви за човечкиот когнитивен апарат. Но, затоа создаде теории разбирливи за мала каста на ,, посветени ,, кои комуницираат преку математички равенки. Практична полза од гласовитиот научник -како од прчот млеко.
Трагична судбина ,владетелите , му напишаа и на брилиjантниот С. Хокинг . Кога не можеа да го скршат , тие го инфицираа со вирус на болест коjа му го jадеще телото , но мозокот остануваше неоштетен уште полни 40 години. Хокинг ,сакаше да донесе научен оган до Човекот и беше разапнат како волонтот  Прометеj.
Сега е време на Григориj Перелман. Неговата нова , поделба на сопственоста , е револуциjа во државничката еволуциjа на РФ.
 Сцена трета – На актуелново време , запишано во плановите од , владетелите , предупредува и хуманистот , О. Хаксли , уште во 1932 година го напиша романот ,, Храбриот нов свет ,, како скица за идното потрошувачко општество . Во тој нов свет , нулта година е годината на раѓање на Х. Форд , основачот на авто.гигантот Форд.Потрошувачката е култ , а симбол на потрошувачкиот бог е Х. Форд, наместо крст – носат буква Т( симбол за моделот на Форд- Т).
Луѓето повеќе не се раѓаат , тие растат во инкубатори , и се делат на 5 касти зависно од улогата коjа им е предречена во манипулираната генетска структура.
После напорната работа имаат право на наркоток , сома , коj ги опушта до следниот работен ден…
Алегориjа на модерното време ,со доларот како лажно божество.
Сцена четврта :-  Атеизам. Оваj , нихилистички  став , е подеднакво деструкивен како кон религиите , така и кон верувањето во Трансцедентот како суштина коjа постои зад точката на сингуларитет. Зад големиот прасок. Како неимар , за кого материjалниот космос е само уште една негова креациjа. Атеизмот jа потенцира ( и лаже ) ништожноста на човекот и неговата еднократна употреба. Иако , како интелектуалци ,веруваат во постулатите на класичната физика. А таму има закон коj го уредува универзалниот  баланс на енергиjа  и неjзиното видоизменување , но не и исчезнување.
Сцена петта :-  ГМО растениjа , а можеби веќе и животни. Промотерите на овие семиња ( кои што  ,фармерите ,  треба да ги купуваат секоjа следна сезона , заради нивниот програмиран стерилитет ,тврдат дека ГМО технологиjата ги подобрува растениjата . Иако , вистината е ; не ги подобруваат , туку растениjата добиваат некои нови своjства . Притоа , нема одговор на тоа што се случува со нивните претходни своjства , и дали новите своjства  се нетоксични ? Пред неколку години , во ООН беше претставен  обемен извештаj за ГМО , после  коj   400 научници ги прогласиjа ГМО културите за опасни продукти.
Заклучоците од иследувањата на проф. Ирена Ермакова , исто така се неутешителни за произведувачите на ГМО. Во првото поколение  консументи ( лабораториски глувци ) на ГМО храна се jавува голем процент на онколошки заболувања , а веќе во второто – бесплодие .
Сцена шеста : Роботизација и вештачка интелигенциjа. Пред неколку години , во гнездото на либералниот турбокапитализам со глобалистички амбиции , Давос, беше обнародено дека во следните неколку години околу 50 милиони професионалци од разни гранки ќе jа загубат работата и   личната егзистенциjа. Професии како : возачи , трговци-продавачи , лекари , пилоти , машински работници… стануваат скапи во ерата на роботизациjа. Вештачкиот интелект е ,шефот на роботите , а луѓето-непотребен луксуз.
Живот на село , со автономен од системот , семеен дом ( жива вода , сончеви панели , или мини ветерници )  ,земjа за обработка , неколку кокошки и коза,  се доволни за заштита  од оваа закана.
Сцена седма :- Како , круна , во обидот за полна контрола над духот , емоциите и разумот , е , Круна , вирусот . Паниката коjа jа предизвикува , круната , звучи  како лебедова песна од претходниот систем во заминување. Штетата коjа jа предизвикува , е многуслојна – како цвет од пеколот. ,, Ако нема можност за победа , збунете ги ,,- гласи едно правило користено од сите поробувачи. Та , пристигнуваат инфо. од исти извори со различна содржина , а од мегафоните се слуша гласот : ,, Без паника , без паника ,…,,-  кој што создава паника , и предизвикува изчезнување на тоалет хартиjа , брашно , масло , гаска, … од продавниците ,со уморните лица на продавачи кои во исто време се и товарачи , растоварачи , психолози и касиери . Како и во воено време , времето на Круната , ги открива човековите дамари а оттаму излегува неговата доблест или мана.
        Предходните сцени се делови од долго пишуваната драма за човековата иднина. На ,краjот од историjата , неjзиниот епилог ќе биде торжествено триумфален или патетично тажен, зависи од тоа каква е нашата подготвеност за отпор во услови на висок надворешен , но и квинслиншки притисок. Ние , Македонците , насекаде низ Светов имаме обврска пред нашите предци уште од : Александар , Богумил , Самуил, Мисирков , Рацин,… да го носиме светиот пламен на Ѕвездата од Кутлеш и светото троjство под неговите зраци : слобода , братство и еднаквост. Тоj пламен треба да го пренесеме  до нашите неродени правнуци.
Зоран Курљан
Loading...

Related posts

Leave a Comment