Двајца американски платеници кои се борат против руската армија во Украина се ранети во артилериски напад во близина на градот Орикива во областа Запорожје, пренесува The Guardian.
Станува збор за двајца американски воени ветерани, Манус МекКафри и Пол Греј, кои работеле заедно како тим кој истрелал противтенковски ракети од типот Џавелин кон руските тенкови во време кога биле ранети од артилериски оган, објави новинарот Нолан Петерсон.
At 1435 today, two American volunteers in Ukraine’s armed forces were wounded by artillery fire near Orikhiv. Manus McCaffrey & Paul Gray. Both are US Army veterans. 1/ pic.twitter.com/BOB1TSwkSY
— Nolan Peterson (@nolanwpeterson) April 27, 2022
The two worked together as a team targeting Russian tanks with Javelins. McCaffrey suffered shrapnel wounds to his face, head, and torso. A concrete wall fell on Gray, wounding his foot. Both men are in hospital. 2/ pic.twitter.com/IR9Kdyyvu5
— Nolan Peterson (@nolanwpeterson) April 27, 2022
Петерсон наведува дека МекКафри се здобил со рани од шрапнели на лицето, главата и торзото. Дел од бетонскиот ѕид паднал врз Греј, нанесувајќи му повреда на ногата. Двајцата се хоспитализирани, јавува новинарот.