Свет

Американски пци на војната ранети во Украина додека пукале врз руски тенкови(ВИДЕО)

Двајца американски платеници кои се борат против руската армија во Украина се ранети во артилериски напад во близина на градот Орикива во областа Запорожје, пренесува The Guardian.

 

Станува збор за двајца американски воени ветерани, Манус МекКафри и Пол Греј, кои работеле заедно како тим кој истрелал противтенковски ракети од типот Џавелин кон руските тенкови во време кога биле ранети од артилериски оган, објави новинарот Нолан Петерсон.

Петерсон наведува дека МекКафри се здобил со рани од шрапнели на лицето, главата и торзото. Дел од бетонскиот ѕид паднал врз Греј, нанесувајќи му повреда на ногата. Двајцата се хоспитализирани, јавува новинарот.

Related posts

Leave a Comment