Свет

Американците тврдат дека поседуваат докази дека коронавирусот е направен во кинеска лабораторија

По неколку недели префрлање на вината за избувнување на епидемијата на вирусот корона, се појави нова ескалација на релација Вашингтон – Пекинг. Овој пат повод, исто така, беше потеклото на вирусот, кој и покрај бројните теории, сепак е мистерија.

Во средата, Фокс Њуз објави приказна, наводно потврдена од повеќе извори, дека вирусот корона всушност потекнува од Вуханската лабораторија која се наоѓа на само неколку милји од озлогласениот пазар, генерално сметан за извор на заразата. Причината, како што е наведено, не било иницирање биолошка војна, туку желба на Кина да покаже дека може да го идентификува вирусот и да се справи со него еднакво успешно како и Америка.

Се започна, додава Фокс њуз, кога еден од вработените во лабораторијата се заразил, а потоа отишол на пазарот каде што го пренел новиот вирус кај други луѓе.

Неколку часа по објавувањето на текстот, Доналд Трамп, на конференцијата во Белата куќа изјави дека е запознаен извештаите.

„Ние вршиме многу темелна истрага за оваа ужасна ситуација“, рече тој, но не сакаше да открие дали разговарал со кинескиот колега Си Џинпинг за „лабораториското сценарио“, бидејќи „во овој момент тоа не би било соодветно“.

Трамп беше поддржан и од државниот секретар Мајк Помпео, кој рече дека Пекинг треба да „изнесе на виделина“ сè што знае. Тој во интервју за „Фокс њуз“ рече дека „тие знаат дека вирусот потекнува од Вухан, Кина“ и дека Институтот за вирологија е на само неколку километри од спорниот пазар.

„Кинеската влада навистина треба да се отвори и да објасни како овој вирус всушност се шири“, додаде тој.

Продолжувајќи ги критиките што ги направи администрацијата на Трамп, американскиот секретар за одбрана Марк Еспер рече дека кинеските лидери го измамиле целиот свет за почетокот на пандемијата, како и дека не верува дека тие се искрени дури и сега.

Да не биде дека само Трамп и неговите приврзаници меѓу соработниците и медиумите ги поддржуваат овие теории, Си-Ен-Ен синоќа издадоа потврда од разузнавачки извори дека американската влада навистина ја испитува можноста вирусот да е направен од човек.

Кина веднаш ги негираше обвинувањата, повикувајќи се на шефот на Светската здравствена организација и други медицински експерти кои тврдат дека нема докази дека преносот на вирусот започнал од лабораторијата и дека нема „научна основа“ за ваквите тврдења.

Институтот за вирологија во Вухан, уште во февруари ги отфрли гласините дека вирусот потекнува од една од нивните лаборатории, а пошироката научна заедница верува дека тој потекнува од Лилјак.

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment